Модните трендови на облеката за оваа зима ќе ја комбинираат удобноста и практичноста, но и ги движат нештата во насока на одреден стил, овозможувајќи да ја претставите сопствената личност во најдобра светлина.
Од аспект на 21. век, кога начинот на облекување е директно или индиректно диктиран од модната индустрија, звучи дури и неверојатно дека на почетокот облеката била создавана за им служи на потребите на луѓето. Секако, од времето кога облеката била правена за да го заштити човекот од надворешните услови и да му помогне во опстанокот од цикличните промени на природата, нештата многу се изменети, па со модата денес можат да се изразат многу други нешта – од социјален статус, преку уметнички афинитети, па и да се артикулираат политички пораки. Сепак, и понатаму модата, односно начинот на облекување се приспособуваат на сезоната и временските услови. Па дури и модните колекции се наменети за сезони – пролет/лето и есен/зима.
Со доаѓањето на зимата и студените, врнежливи денови, веднаш се наметнуваат илјадници прашања како да ја искомбинираме потоплата облека и да ја прилагодиме на месеците што претстојат. За парчињата облека што веќе ги имаме да станат попрактични, треба да погледнеме што препорачуваат светските модни совети и колку можеме од тоа да примениме. Модните трендови на облеката за оваа зима ќе ја комбинираат удобноста и практичноста, но и ги движат нештата во насока на одреден стил, овозможувајќи да ја претставите сопствената личност во најдобра светлина.Модерната жена никогаш не стои на едно место: таа постојано изненадува со својата екстравагантна, спектакуларна и оригинална нова облека. И ова не се однесува само за чевлите и облеката, туку и за додатоците. Впрочем, секоја жена сака да изгледа светло, елегантно, модерно и беспрекорно. Романтични, софистицирани и смели женски додатоци секогаш даваат посебен шарм и личен печат.
Се препорачуваат јаки комбинации во кои е дозволено сѐ: од кожа и вештачко крзно до карирани штофови и оние со дизајн на леопард или пума. Секако, со вакво шаренолико храбро облекување, треба да внимавате да ви биде удобно и да биде соодветно за приликата. Она што треба навреме да си обезбедите се удобни чизми барем во две бои и два различни стила за да можете да ги комбинирате во повеќе пригоди. Облекувањето е личен избор, а можностите се различни и големи, така што искористете некој совет и направете си свој моден стил и за оваа зимска сезона.
Боја на сезоната – затемнет бел корал
Заматена, но сепак некомплицирана, тонот на бојата, индустриски наречен ПАНТЕОН П115-1 , односно боја на затемнет бел корал асоцира на модата од некое поедноставно време. Суптилно неофанзивната нијанса претставува суров потсетник за тоа колку необично се менуваат нештата, со утешно нијансирана скала, која го засилува чувството за неизбежноста од времето. Претставувајќи ја фузијата на современиот живот, со природниот свет, додека ја засилува линијата помеѓу надежта и очајот, ПАНТЕОН П115-1 У, бојата на белузлавиот корал го поставува старото прашање – од каде нештата тргнаа наопаку?