Секоја дијагноза или состојба (физичка или психичка) длабоко во својот корен е обвиена со стрес. Стресот е најверниот животен сопатник на човекот! Колку и да му вртиме грб, тој наоѓа начин да се протне назад. Во денешното модерно и брзо време, доаѓа во пакет со чувството на исцрпеност. Дали станавме нација на физички преморени и психички опустошени индивидуи? Одговорот, секој од вас нека го побара во себе. Ние го имаме одговорот за тоа што да преземете за да не ја прегорите сијалицата докрај и да потонете во мрак од кој нема назад.
Овојпат, мудроста доаѓа од Јапонија и истата има и име – Икигаи! Овој јапонски термин во слободен превод би гласел „причина за живот“. Икигаи значи да се има чувство за цел во животот, нешто што ќе ве поттикнува со полн елан да станувате од кревет. Мотив и цел поради кои ќе дишете со полни гради и ќе го живеете животот до максимум.
Не случајно, голем број истражувања открија дека ваквото чувство го збогатува, но и го продолжува животниот век: го намалува ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар, Алцхајмер, депресија; го подобрува квалитетот на сонот и сексуалниот живот. Јапонците имаат најдолг животен век во светот благодарение на оваа почитувана и применувана традиција.
Земете лист хартија и нацртајте Венов дијаграм со 4 круга:
1 круг е – Што сакате да правите?
2 круг е – Во што сте добри?
3 круг е – Дали на светот му е потребно тоа?
4 круг е – Дали може да заработите од тоа?
Икигаи – центарот во кој се пресекуваат круговите.
Зебележете, само една четвртина од концептот е директно поврзан со работата. Во едно јапонско истражување, само 31 % од испитаниците својата работа ја сметале за свое икигаи. За споредба, во американското истражување на Pew Research Center, дури 51 % од испитаниците изјавиле дека нивниот идентитет го диктира работата.
Пишувањето книга е вредна аспирација, но не е икигаи, тврди Hector Garcia, ко-автор на Ikigai: The Japanese Secret to a Long and Happy Life. „Тоа е цел! Икигаи е: Сакам да пишувам колку што можам подобро, за моите идеи да го сменат светот.“ Комбинирајќи го она во кое сум добар и кое сакам да го правам, комуницирајќи и одговарајќи на потребите во светот, јас заработувам – тое е икигаи.
Икигаи не е лесно да се постигне, потребно е време и трпение за да го пронајдете своето. Дијаграмот и следните прашања, несомнено ќе ви ја олеснат потрагата.
Која е вашата најголема пасија?
Сетете се на моментите кои ви носат чувство на страст и слобода. За некој тоа може да е градинарството, за друг може да е пеењето, за трет може да е следењето политички дебати, а има и такви кои уживаат во решавање задачи.
Страста може да е поврзана со она што го работите, но и не мора, вели психологот Chloe Carmichael. „Ако својата цел (своето икигаи) ја барате во работата, мора прво да разберете од кои причини работата ви дава цел и смисла за живот“, објаснува таа. „Дали комуницирате, образовате, инспирирате или помагате при создавањето продукт кој ќе им го олесни животот на луѓето?“Или од друг агол, дали вашата работа ќе донесе нешто големо за луѓето околу вас – дом, стабилност, ресурси за вашата фамилија? И тоа може да биде извор на икигаи.
Кои се вашите вредности?
Истражете што е она што во вас поттикнува чувство на почит и воодушевување? Изненадувачки, но многу лесно ќе дојдете до срцевината на она што вам ви е најважно во животот. Еве една идеја: Напишете ги имињата на четворицата луѓе кои го држат централното место во вашиот живот, за секој од нив наведете по 5 особини поради кои завршија на вашата листа. Тука може да дојде предвид и вашиот идол кој никогаш не сте го запознале.
Особините што ги набројавте, како добрина, трпеливост, силна етичка професионалност, најверојатно ги посакувате за себе. Дозволете им на овие вредности да го водат вашиот начин на размислување и вашето однесување, и за кусо време ќе станат неразделен дел од вас. Ако живеете по нив – да речеме, свесно покажувате трпеливост додека ја воведувате новата колешка во работата – вие сте се поблиску до вашето икигаи.
Која е шемата во вашиот живот?
За повеќето луѓе, икигаи не е фиксен концепт, тој се менува и созрева напоредно со човекот.„За некои игикаги е имањето деца, но штом децата пораснат, енергијата треба да се насочи на нешто ново“, вели Garcia.Но, она што останува непроменето е суштината, она што ви дава задоволство, она што ви дава смисла за постоење. Штом заклучите што е тоа, вие го имате своето икигаи.
Еве еден (измислен) пример: Ивана е успешна во својата кариера, иако е целосно исцрпена и има чувство дека нема повеќе што да даде. Единственото нешто што ја исполнува е дружењето со нејзините колеги. Таа ужива да ги слуша нивните проблеми, се соживува со нив, а врвно задоволство ѝ причинува давањето искрен совет.
Кога подобро ќе размисли, таа и меѓу пријателките важи за одличен советодавец. Барајќи го своето икигаи, Ивана заклучи дека ѝ треба промена на професијата. Денес, како терапевт, одлично ги користи своите способности за слушање и емпатија (круговите 1 и 2) во кариерата (круговите 3 и 4) и ете го погодокот точно во центарот.
Дали имате своја заедница?
Вашата страст, вашите вредности, вашата шема, истовремено се поврзани со луѓето околу вас. „Среќата ја доживуваме како нешто кон кое треба да се стремиме за да го постигнеме – да речеме, преку читање книги за самопомош“, вели Ruth Whippman,автор на America the Anxious. „Но, истражувањата покажуваат дека најголемиот извор на среќа се добрите социјални врски.“ И додека откривањето на вашето икигаи подразбира длабока себе-рефлексија, другите луѓе се интегрален дел од процесот. Погледнете убаво во дијаграмот, сѐ е поврзано на најдобар можен начин!
Икигаи по брза постапка
Направете табла за среќа.Визуелна табла, но со фотографии од телефонот од нештата кои ве инспирираат. Вашето икигаи можеби се крие меѓу нив.
Замислете си го сопствениот погреб.Звучи морбидно, но запрашајте се како сакате да ве запомнат. Фокусот сигурно нема да биде на работата, туку на она што го постигнавте за луѓето што ги сакате и за светот воопшто.