Мусака од спанаќ и компир
Потребни состојки:
2 кг спанаќ
1 кг компир
2 павлаки
3-4 чешниња лук
Подготовка
Компирот се лупи, се сече на големи парчиња и се вари само 10 минути со сол. Убаво се чисти спанаќот.
Во намрсено тавче се реди ред изгмечен компир, ред свеж спанаќ, па сечкани лукчиња.
Се става по 2 реда, да заврши со спанаќ. Одозгора се посолува со сол и мешан сув зеленчук.
Со попрскува со маслиново масло и се пече 40 минути во загреана рерна.
Се вади од рерна, се прелива со матена кисела павлака. Се сече како торта и така се сервира.
Праз со суви пиперки
Потребни состојки:
масло
3-4 стракови праз
3-4 суви пиперки (лути или благи, според вкус)
црн пипер
црвен пипер
Начин на подготовка:
3-4 стракови праз исечете ги на кружни парчиња и ставете да се пржи на зејтин на среден оган. Сувите пиперки исечете ги на парчиња и додајте ги кога ќе омекне празот, пропржете ги заеднo сo празот и посипете ги сo црвен и црн пипер. Се сервира самостојно или како гарнир со пржено или печено месо, варен ориз, макарони, пире oд компири или салата!
Бурек пиперка
Потребни состојки:
10 црвени пиперки капија
½ кг урда
Бешамел сос за палачинки (1 јајце, 2 лажици брашно, малку млеко и сол)
Подготовка
Црвените пиперки се печат и се лупат, и им се вадат семките. 4 пиперки се сечкаат и се мешаат со урдата. Ако урдата не е солена, се посолува. 6 пиперки се полнат со смесата. Секоја пиперка се затвора со парченце леб, се става во бешамел сос и веднаш се пржи на врел зејтин до зацрвенување. Се препорачува да се јадат топли. Со ова јадење се препорачува салата од црвен домат со кромид и магдонос.
Ќофтиња во рибарски сос
Потребни состојки:
500 г мелено месо
2 јајца
1 поголем компир
1 главица кромид
сол, мешан сув зеленчук, бибер
За сосот
3-4 домати
3-4 чешниња лук
магдонос
1 лажица брашно
Подготовка:
Во длабок сад се ренда претходно излупен компир, на ситно со ренде. Врз него се ренда кромидот. Се додаваат двете јајца, месото и сите зачини. Убаво се меша со рака, за да се добие хомогена смеса. Се прават кругли ќофтенца и се пржат на загреан зејтин. Се ставаат на страна. Во истата тава се става брашното и слабо се запржува. Се додаваат изрендани доматите, лукот и магдоносот. Се пропржува и се залева со 300 г вода. Се остава да врие 5-10 минути и се додаваат ќофтенцата. Се исклучува, се покрива со капак и се остава до ладење на ринглата. Се служи со печени пиперки зачинети со лук и магдонос.
Свинско со туршија
Потребни состојки:
Свинска кртина, 1 кг за 4 лица
200-300 г мешан зеленчук од туршија (краставички, морков, зелен домат, карфиол, пиперка и др.)
Подготовка
На врел зејтин се става свинска кртина, исечкана на коцки да се пржи. Убаво се пржи до зацрвенување и се додава туршијата. Внимателно се посолува бидејки туршијата е солена. Се пржи додека целата маса не омекне.
Италијански леб со рузмарин
За овој рецепт потребно е:
225 г брашно
½ лажиче сол
1 ќесичка инстант сув квасец
4 чешниња лук, ситно сечкан
исечкани иглички од 2 гранчиња рузмарин
по желба 10 црни маслинки, крупно сечкани и без семки
1 лажица маслиново масло
За прелив и посипување
6 лажици маслиново масло
2 лажички крупна сол
иглички од едно гранче рузмарин
Подготовка
Во голем сад мешаме брашно, сол, квасец, лук, рузмарин и по желба маслинки. Во средината правиме вдлабнување и додаваме маслиново масло и 150 мл топла вода, мешаме и приготвуваме меко тесто. Тестото го месиме 10-15 минути, го ставаме во намастен сад, го покриваме со намастена проѕирна фолија или со крпа, и го оставаме на топло 45 минути двојно да нарасне. Го превртуваме тестото на работната површина и повторно лесно го месиме, а потоа го развлекуваме во круг со дебелина од околу 1 см. Тестото го ставаме на намастен плех и лесно го покриваме со намастена проѕирна фолија или крпа, и повторно го оставаме 25-30 минути да нарасне. Рерната ја загреваме на 200 степени. Со прстите правиме вдлабнатини по цело тесто, го посипуваме со 2/3 од маслиновото масло, рузмарин и сол. Печеме 25 минути да се зацрвени. Кога ќе го чукнеме од долната страна, треба да даде шуплив звук. Го вадиме на металната решетка и го посипуваме со остатокот од маслиновото масло.
Колач со тиква
(оригинален назив: Loretta Hoffmans Pumpkin Bread)
Мерна единица: шолја за чај
Време на подготовка: 10 минути
Време на печење: 40-60 минути
Потребни состојки:
– 1 шолја динстувана и испасирана тиква
– 1/3 шолја вода
– 1/2 шолја зејтин
– 1/2 шолја сечкани ореви
– 2 шолји брашно
– 1,5 шолја шеќер во прав
– 1 кафена лажичка сода бикарбона
– 1 кафена лажичка сол
– 1 кафена лажичка мускатно оревче и/или цимет
– 2 јајца
Се матат јајцата, па се додава: шеќерот, зејтинот, сувите состојки, тиквата и на крај водата.
Се става смесата во подмачкан калап за печење.
Се пече на загреана рерна на 180 степени.
По печењето се покрива со крпа и се остава да се олади.
Се ослободуваат краевите на колачот од калапот и се превртува.
По желба се декорира.
Добар апетит!