„НА ЗДРАВЈЕ“ – ВРЕМЕ Е НА АЛЕРГИИ

„НА ЗДРАВЈЕ“ – ВРЕМЕ Е НА АЛЕРГИИ

Будењето на природата во пролетта, покрај сета раскош и убавина, со себе носи и состојби кои директно или индиректно, видливо или невидливо предизвикуваат низа здравствени тегоби и специфични реакции на организмот. Несомнено е дека алергиите се сè почеста терминологија присутна во здравствениот вокабулар токму во овој период од годината.Затнат нос, јадеж, црвенило, течење од носот и кивање се најчестите видливи симптоми и директна манифестација и одговор на имунолошкиот систем на различните фактори од околината наречени „алергени“.

Попис на фактори
Како главен предизвикувач и најчест фактор на алергиските реакции е поленот кој се ослободува од дрвјата што рано цветат, поленот од бреза, јасен и бука. Симпатологијата е поизразена во периоди на суви и ветровити денови кога постојат услови овој алерген лесно да се дистрибуира до нашите сетила. Оддишка и ослободување од алергиската манифестација може да се очекува во дождливи и влажни денови.

Јасни знаци на алергија на полен
Симптомите на алергијата на полен може да се менуваат и да имаат различен интензитет, што е зависно од количината на директно присутниот алерген. Типичната слика на алергиска реакција вклучува:

  • затнат нос и отежнато дишење

  • течење од носот

  • кивање

  • чешање и солзење на очите

Покрај овие видливи и јасно изразени знаци на алергиска реакција, кај некои лица симптомите се продолжени во форма на летаргија, незадоволство, намалена концентрација и проблеми со спиењето.
Не се исклучени и компликации и развој на алергиска астма.

Природна аптека
Тежината на симптомите неретко може значително да го намали квалитетот на животот. Токму поради ова, превенцијата и употребата на храната и богатството од лековити билки во голема мера можат да влијаат во подобрување на општата слика.

Внесување здрава и избалансирана храна, во прв ред свежо овошје и зеленчук, по правило, можат да помогнат во подобрување на состојбата. Консумирање јаткасти плодови и храна богата со антиоксиданси ќе помогне во битката за намалување на воспалителни реакции и тоа е значаен фактор во контрола на алергијата. Храна богата со масни киселини, како риба, јајца и ореви, ќе има дополнителен позитивен ефект.

Тајната е во употребата на чаеви, облози и инхалации

Коприва
Редовна и долготрајна употреба на чај од коприва со сигурност ги ублажува симптомите. Полна лажица чај од коприва се прелива со чаша врела вода и се остава да отстои половина час. Се цеди, се додава свежо цеден лимон и се пие до 4 шолји дневно.

Камилица
Благодарение на антивоспалителните својства, камилицата помага кај симптоми поврзани со очите.
Оладени вреќички чај од камилица држете 3-5 минути на очите. Постапката повторете ја неколку пати во денот.

Нане
Редовни инхалации во траење од десетина минути дневно ќе го олеснат дишењето и ќе ги одзатнат дишните патишта.

Медот и ѓумбирот  можат да помогнат повеќе отколку што мислите. Направете чај од свежо изрендан ѓумбир. Напивката засладете ја со лажичка мед и најдобро е да ја консумирате навечер пред спиење.

Физичка активност
Правилен распоред на вашите активности и избегнување директна изложеност на предизвикувачите, дополнета со лесна физичка активност, со сигурност ќе го направи вашето секојдневие многу поудобно.

Клинички потврдено!
Употребата на производи на база на концентриран и стандардизиран екстракт од куркума покажува завидни резултати во превенцијата и олеснувањето на сите симптоми поврзани со пролетните алергии.