Месечен хороскоп мај – јуни 2021

Месечен хороскоп мај – јуни 2021

Биковите фокусирани кон самите себе, стрелците окупирани со однесувањето на другите

Овен (21.03 – 19.04)

Добро е ако покажете интерес за проблемите на блиските, но воедно ќе треба да се ориентирате и кон самите себеси. Треба да знаете дека без постигнување внатрешен мир и хармонија, многу потешко ќе им бидете од полза и на другите. Периодот е добар за преиспитување на нештата што претходно ви се случуваа и за создавање нови предуслови за напредување.

Бик (20.04 – 20.05)

Полека, но сигурно оттргнете се од влијанието на недобронамерниците, престанете да се жртвувате за лицата кои тоа не го заслужуваат и бидете силни во стремежот за промена на досегашниот однос кон надворешните околности. Успехот ќе следи ако повеќе се посветите на самите себе.

Близнаци (21.05 – 20.06)

Постојаната променливост во однесувањето ќе ви создаде проблеми на емоционален план и ќе ви ги затвори предиспозициите за хармонизирање на состојбата со блиските. Ако не сакате изолацијата и неизвесноста тотално да завладеат со вашата личност, ќе мора да ги согледате слабостите и да престанете да ги обвинувате другите за се што ви се случува во животот.

Рак (21.06 – 22.07)

Не треба да се оптоварувате со пропуштените можности, зашто илузорно е да очекувате да се врати тоа што не се враќа – времето. Затоа, организирајте ги силите кон перспективите на иднината, сфатете оти имате квалитет за излез од психофизичкиот лавиринт, не оставајте ништо на случајот и мудро, но трпеливо, движете се кон целта.

Лав (23.07 – 22.08)

Се наоѓате пред мошне значајни одлуки и околности кои може да ве одведат кон врвот или соочат со дното. Ударите на судбината ќе ги елиминирате само ако ве води вербата во сопствените вредности, надежта и љубовта. Доколку ја елиминирате тврдоглавоста и бидете позитивно насочени, ќе може да се надевате на добро.

Девица (23.08 – 22.09)

Периодов нема да се карактеризирате со некоја силна упорност и трпеливост, така што мошне лесно ќе се откажувате од зацртаните цели и планови. Таквиот пристап ќе преовлада поради уверувањето дека за елиминирање на проблемите и неизвесноста ќе мора да се соочите со големи искушенија.

Вага (23.09 – 22.10)

Најдобро е ако се обидете да ја стабилизирате професионалната состојба бидејќи со чекање некој друг да дојде и да ви го реши статустот, ништо нема да направите. Ѕвездите ветуваат успех, особено, ако сериозно му пристапите на проблемот и бидете храбри во настапот.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

На емотивен план не требада манифестирате суета, посетивност и тврдоглавост, зашто и другите заслужуваат да се изборат за своите права и да го искажат своето мислење. Толеранцијата, трпеливоста и работната ангажираност ќе ви помогнат правилно да се однесувате и успешно да ги канализирате сопствените емоции.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Во последно време премногу се оптоварувате со работи што не заслужуваат големо внимание. Имате впечаток дека во вашата непосредна околина постојат лица кои на секаков начин се обидуваат да ви напакостат и да ви го оневозможат напредувањето. Ви се препорачува добро да го проанализирате таквиот став, да не подлегнувате на провокации и да бидете трпеливи.

Јарец (22.12 – 19.01)

Во овој период корисно е да не им се доверувате на другите и да ги контролирате негативните емоции, бидејќи не е време за донесување пребрзи одлуки. на здравствено поле бидете внимателни и не трошете ја енергијата на активности кои можат психофизички да ве истоштат.

Водолија (20.01 – 18.02)

Периодов не треба да сепасивизирате бидејќи ќе се соочите со нешта кои ќе ви донесат големи искушенија. Емоционалната возбуденост целосно ќе загосподари со вашата личност.Искористете ја можноста, направеете нешто добро за себе и иницирајте активност што ќе ви создаде трансформација и нови предизвици во животот.

Риби (19.02 – 20.03)

Потсвесната оптовареност и стравот од соочувањето со иднината ќе го оптоварат вашиот организам и ќе ви пробудат потреба за мир и изолација. Затоа, од пресудна важност е на објективен начин да ги согледате ограничувачките фактори и да се обидете да го задржите мирот во длабочината на својата душа.

 

д-р Зоран Крстевски

едукатор, мотиватор и тренер за личен развој