Излез од криза за рибите, напредок за девиците
Овен (21.03 – 19.04)
Ѕвездите ве советуваат да одите на сигурно, да не се истрчувате со пласирањето на идеите во јавноста и да не дозволувате другите да ве изманипулираат и одведат во бесперспектива состојба. Нјаважно е да бидете аналитични, селективни и подготвени за соочување со непријатностите.
Бик (20.04 – 20.05)
Ви се препорачува на објективен начин да ги согледате околностите и да уживате во мигот на сегашноста, зашто колку и да се трудите нема да можете да го вратите тоа што поминало. Внимавајте на здравствената состојба на блиските и не влегувајте во ризични ситуации.
Близнаци (21.05 – 20.06)
Не треба да се оптроварувате на психофизички план и да се окупирате со туѓото незнаење и незаинтересираноста за согледување на вашите вредности. Внимавајте да не станете жртва на надворешните влијанија и на запоставувањето на сопствените приоритети.
Рак (21.06 – 22.07)
Вашата емпатичност и одговорност треба да ви помогнат да излезете од психофизичката криза и да ја воспоставите потребната хармонија. Ѕвездите ви препорачуваат да продолжите да се однесувате хумано и ангажирано, бидјеќи афтирмативниот пристап кон животните околности неизбежно ќе ви донесе позитивни резултати.
Лав (23.07 – 22.08)
Понекогаш не е добро премногу емотивно да реагирате, зашто тоа може да влијае врз вашата аналитичност и способност за ефектуирање на планираните активности. Бидете внимателни во моментите кога не постојат можности за успех, но дејствувајте храбро кога ќе ја почувствувате вистинската инспирација.
Девица (23.08 – 22.09)
Уживајте во успехот и задоволствата кои ги постигнате со макотрпна работна ангажираност, одговорност и многу откажувања. Најголемиот товар полека, но сигурно успеавте да го расчистите, така што е дојдено време мудро да се организирате и со оптимизам и самодоверба да тргнете кон новите предизвици.
Вага (23.09 – 22.10)
Искористете ги високите вредности, не верувајте во туѓите ветувања, покажете трпеливост и селективност и очекувајте подобрување на состојбата. Успехот ќе биде достижен, посебно ако ги елиминрате слабостите и подготвено ги пречекате искушенијата. Бидете отворени за љубовни доживувања.
Шкорпија(23.10 – 21.11)
Конечно ќе можете да здивнете, зашто планетите се хармонично поставени кон вашиот знак. Ќе имате одлични предиспозии за елиминирање на непродуктивните ситуации, така што насочете се кон соработката и дејствувајте енергично. Со развивање на оптимизмот и самодовербата, нештата ќе ви се отворат уште полесно.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Преголемите работни ангажмани максимално ве истоштија на психофизички план, така што ќе мора да здивнете и да ја пренасочите силата кон други сфери од животот. Ако продолжите да се трошите за лица и настани кои не заслужуваат преголемо внимание, тогаш кризата и напнатоста нема лесно да ве напуштат.
Јарец (22.12 – 19.01)
Потребно е добро да се одморите, бидејќи наскоро ве очекуваат мошне напорни активности. Затоа, елиминирајте ги ангажманите што не ветуваат успех, бидете аналитични и трпеливи при соочувањето со непознатото, односно не дозволувајте им на другите да ви ја крадат позитивната енергија.
Водолија (20.01 – 18.02)
Време е да се ориентирате кон нештата што ве привлекуваат. Преземете иницијатива, односно престанете да очекувате проблемите да се решат самите по себе. Бидјеќи тоа ретко се случува, неопходно е да знаете дека космичката интелигенција ги заштитува оптимистите и позитивците.
Риби (19.02 – 20.03)
Без оглед што поседувате високи вредности и што заслужувате среќата и хармонијата да ви бидат максимално присутни, сепак стагнацијата и психофизичката напнатост како постојано да ја следат вашата личност. Влијанието на Јупитер во вашиот знак ќе ви помогне да се извлечете од кризата и да ја почувствувате убавата енергија на постоењето.
д-р Зоран Крстевски
едукатор, мотиватор и тренер за личен развој