Тој е успешен, но осамен 40 годишен маж кој сака да си најде смислата во животот така што ќе добие дете. За таа цел ќе побара сурогат мајка, младата Ана која е сосем комфорна во својот осаменички живот. Овие двајца странци ќе сфатат дека нивната неочекувана врска за брзо ќе ги оспори сите нивни сфаќања за поврзаноста, семејните вредности и љубовта. Интересна комедија што ќе ве опушти и разнежни.