Што нуди природата за кожата?

Што нуди природата за кожата?

5-те најчудотворни намирници

Грижата за кожата на телото се состои од два дела: надворешна грижа, а тука мислиме на соодветните козметички производи и внатрешна грижа или храната што ја консумираме и што може да ни помогне да го оствариме зацртаниот изглед. Кога овие две ќе ги практикувате во комбинација, тогаш несомнено ќе стасате до мазна, сјајна и нежна кожа.

БОРОВИНКИ

Боровинките се извор на витамините Ц и Е. Содржат значително количество антиоксиданти, најдобрите сојузници на кожата против слободните радикали кои ја стареат кожата.

КАЛИНКА

Познато е дека сокот од калинка ги зајакнува ѕидовите и на најситните крвни садови што се одговорни за снабдувањето на кожата со неопходните хранливи материи. Кога крвните садови непречно ја снабдуваат кожата со она што ѝ е потребно, таа видливо ќе се обнови.

АВОКАДО

Авокадото важи за најбогатиот извор на витамин Е, калиум и есенцијални масни киселини што ретко се среќаваат. Ова дело на природата е задолжителна состојка во козметичките производи поради благопријатното влијание на маслото што го содржи. Кожата лесно го апсорбира и за кусо време станува глатка, мека и хидрирана.

ЦРЕШИ

Црешите се најдобриот природен лек против стареење. Изобилуваат со антиоксиданти и го поттикнуваат лачењето на колагенот, со тоа ги подмладуваат клетките на кожата и го забавуваат создавањето фини линии и брчки.

ЗЕЛЕН ЧАЈ

Витамин Ц, Д и К; минерали како цинк и железо, ова е само дел од составот на зелениот чај што треба да ве поттикне да го консумирате. Жените особено го обожаваат поради неговите антиинфламаторни својства, па акните и останатите кожни заболувања ќе станат ретки, а црвенило воопшто нема ни да имате.

ЦРНА ЧОКОЛАДА

Црната чоколада содржи флавоноиди, антиоксиданти што ја измазнуваат кожата и ја штитат од сонцето. 326 милиграми – тоа е исто колку една шолја какао – е доволно за да ги задоволите дневните потреби.

РИБА ВО МАСЛО

Лосос, туна и другите маслени риби ги чистат порите делувајќи како одличен ексфолијант. Митесерите ќе станат минато благодарение на омега-3 масните киселини што ги има во рибата, а кои телото не ги создава.

КИВИ

Жените кои редовно јадат киви имаат помалку брчки и речиси и да немаат темни подочници. Ова зелено овошје содржи карбонски состојки што спречуваат какви било кожни иритации.

АСПАРАГУС

Доволно е само еднаш во неделата да го консумирате и ќе можете да се збогувате со сувата безживотна кожа и ПМС акните. Содржи витамин Б кој ја задржува влагата во кожата.

СЕМКИ ОД ТИКВА

Богати се со цинк, минерал кој помага да се обноват оштетените клетки. Додајте една рака семки од тиква на менито и кожата ќе блесне за помалку од месец дена.

ОВЕСНИ СНЕГУЛКИ

Освен што се богати со витамин Б, овесните снегулки се одлична состојка за да подготвите маска за ексфолијација. Потопете го овесот во топла вода, нанесете го на лицето околу 10-тина минути и исплакнете.

СПАНАЌ

Спанаќот одлично се справува со евентуалните егземи и осипи на лицето, благодарение на високиот процент на витамин Ц.

ПРОСО

Јаглехидратите се добри за стомакот, но одлични за кожата. Во минатото просото важело за најдобрата маска за чистење на порите, денес е доволно да го консумирате за да ја подмладите кожата во рекордно време.

ЈАГОДИ

Можеби не сте чуле до сега, но јагодите содржат полезна овошна киселина која ги штити клетките од опасните UV зраци.

ЈАЈЦА

Скоро во секоја домашна маска за лице присутно е јајцето, особено белката од причина што влијае на стеснување на порите, го намалува отокот кај уморните очи и ја измазнува иритираната кожа.

БРАЗИЛСКИ ОРЕВИ

Богати со селен, минерал кој ги лекува акните и другите кожни иритации. Познато е дека ја подобруваат еластичноста на кожата и спречуваат кршење на природниот колаген.

БАДЕМИ

Изобилуваат со витамин Е, најдобриот природен UV заштитник. Витаминот Е делува како антиоксидант кој ја штити клетката од УВ зраците и другите надворешни фактори кои генерираат оштетување преку создавање слободни радикали.

ДОМАТИ

Ликопенот, состојката што ги прави доматите црвени, ја ослободува кожата од слободните радикали што ја стареат кожата, а кои настанале под дејство на УВ зраците. Телото побрзо и повеќе ликопен апсорбира доколку доматите се загреани.

СЛАТКИ КОМПИРИ

Богати со витамин Ц кој ги измазнува брчките и поттикнува продукција на колаген. Редовното консумирање го забавува појавување на брчките и старечките флеки за 11%.

Најевтин начин за ексфолијација

Вистинска хигиена на телото не се постигнува мазнејќи се со раце. Затоа, ви препорачуваме да набавите мека четка за триење – не само што ја подобрува циркулацијата, туку ја затегнува и измазнува кожата отсранувајќи ги непотребните мртви клетки од површината.

Најевтин третман против целулит

Клучот за намалениот целулит лежи во масажата. Ако редовно се масирате (најзгодно е додека сте под туш), несомнено ќе забележите резултати. Ако ништо друго ќе го забавите понатамошното создавање масни наслаги, бидејќи кожата ќе стане поеластична. Одлично време за почеток е додека немате видливи надворешни траги од целулит.