Мини пици од домат

Мини пици од домат

Потребни состојки за мини пици од домат:

  • 1 поголем модар патлиџан

  • 2 лажици киноа (претходно сварена)

  • ¼ лажица рендан пармезан

  • 1 кафена лажица оригано

  • 1 свеж домат или сос за пица

  • Прстофат сол

  • Малку црн пипер

  • 4 кафени лажици маслиново масло

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 220 степени. Обложете го плехот со хартија за печење и наредете го модриот патлиџан исечкан на подебели кругови во форма на мини пици. Повкусен е ако ја задржите и лушпата, но претходно убаво измијте го и избришете го со крпа. Врз секое тркалце модар патлиџан сипете малку киноа, а озгора поросете ги со пармезан и зачинете ги. Доматот исечете го на ситни коцки и распоредете го последен. Ако не најдете домат што ви се допаѓа, едноставно премачкајте го секое тркалце со кечап или со сос за пица. Пропрскајте ги мини пиците од модар патлиџан со маслиново масло и ставете ги да се печат околу 30 минути.

За повеќе рецепти кликнете тука.