Оброк за виталност

Оброк за виталност

Правилната комбинација на нутриенти и тоа како може да ја подобри вашата способност за спортување. Тргнете од она што сакате да го постигнете со вашето тело, научете што треба да јадете и појдете на пазарување.

Што е она што сакате да го подобрите денес?

ЕНЕРГИЈА

Б витамини (ориз, спанаќ, риба, јајца)

Неопходни за енергетскиот метаболизам – ги согоруваат јаглехидратите со што се создава глукоза.

Магнезиум (ореви, соја, леќа, зелена салата)

Неопходен за енергетскиот метаболизам и правилна работа на мускулатурата, нервите, срцето и жлездите што лачат хормони.

Железо (црн дроб, грав, спанаќ, киви)

Неопходен за енергија и транспорт на кислородот до клетките.

Биотин-Б7 (сирење, бадеми, броколи, компири)

Врши синтеза на протеини, јаглехидрати и масни киселини, со што обезбедува енергија за нервните клетки.

ИЗДРЖЛИВОСТ

Калиум (авокадо, туна, печурки, модар патлиџан)

Потењето значи брзо губење на калиумот кој е неопходен за мускулите и создавањето енергетска резерва.

ЦЛАКонјугирана масна киселина (кокосово масло, путер, органско месо, органско млеко)

Ги разградува мастите кои се внесуваат со оброкот, го забрзува разградувањето на мастите во масните единици, го намалува бројот на масни единици.

Л-Карнитин (говедско месо, свинско месо, млеко, риба)

Аминокиселина задолжена за разградување на мастите и салото.

Храна со низок гликозен индекс (кафен ориз, лешници, јачмен, соја)

За да заштедите енергија, бидејќи го забавуваат согорувањето на јаглехидратите.

БРЗИНА/МОЌ

Протеини (соја, зрнест зеленчук, јајца, риба)

Основна градбена единица на ткивата, извор на енергија.

Коензим Q10 (сардини, свинско месо, срнешко месо, скуша)

Учествува во производството на енергија затоа што се наоѓа во митохондриите – коишто целиот живот произведуваат енергија за телото.

Креатин (јагнешко месо, лосос, рибино масло, говедско месо)

Врши транспорт на енергијата до сите мускули во телото правејќи ги поцврсти и поголеми.

Л-аргинин (туна, пилешко, цвекло, јастог)

Неопходен за нормален раст на мускулите, ја подобрува функцијата на имунолошкиот систем, учествува во зараснување на раните и метаболизмот на протеините и мастите.

ЗАЗДРАВУВАЊЕ

Антиоксиданти (зелен чај, грејпфрут, школки, црна чоколада)

Ги штитат клетките од штетните слободните радикали, а со тоа го намалуваат ризикот од рак.

Есенцијални масни киселини (ладно цедени растителни масла, ленено семе, риба, пченка)

Неопходни за здрави клетки и нормално функционирање на мозокот, неопходни за спортистите за да спречат згрутчување на крвта.

Глутамин (млеко, грав, свинско месо, овчо сирење)

Задолжителна аминокиселина при боледување, повреди и бактериски инфекции. Ги штити клетките и учествува во заздравување на ткивото.

BCAA разгранет синџир на аминокиселини (кашкавал, пилешко, црвено месо, грашок)

Аминокиселини одговорни за формирање на протеините и мускулното ткиво, како и за зголемување на метаболизмот на телесните масти.