Витамини Б

Витамини Б
Семејство составено од осум витамини раствориливи во вода со многу важна биолошка улога во нашиот организам. Иако најчесто се препознаваат како група на витамини и често работат заедно, секој  член од семејството  врши посебни и важни функции. Витамините од групата Б организмот не е во состојба да ги произведува, па е неопходно секојдневно да ги внесуваме преку храната.

Б1-Тијамин
Тијаминот учествува во процесot на создавање на енергија во организмот, и има значајна улога во  функцијата на нервниот систем. Тиjаминот се наоѓа во широк спектар на храна.
Најдобри извори за овој витамин се: леќа, житарици ,црвено месо, квасец, ореви, семки од сончоглед, грашок, млеко, карфиол, спанаќ и мешунки. При недостаток од овој витамин се јавува заболување бери-бери, а се јавува чувство на слабост, невролошки пореметувања, грчење на мускули, недостаток на апетит и др.

 

Б2-Рибофлавин
Значаен за одржување на добар вид, создавање на црвени крвни зрнца, зачувување на силен имунолошки систем и нормално функционирање на нервниот систем.
Најдобри извори за овој витамин се: житарици, млеко, јајца, пивски квасец, лосос, говедско месо, спанаќ и брокула. Ако на телото му недостига витамин Б2, често во аглите на усните можат да се видат испукувања во форма на рани. Исто така, можни се алергиски реакции и воспалителни промени на кожата.

 

Б3-Ниацин
Ја подобрува циркулацијата на крвта и го намалува нивото на лош холестерол. Исто така, помага и во одржувањето на здрава кожа, нервен и дигестивен систем.
Најдобри извори за овој витамин се: говедско месо, живина и риба, леб од цели зрна пченица,пивски квасец, кикирики и леќа, печурки. При недостаток на витамин Б3 (ниjацин) симптомите се мускулна слабост, замор, губење на апетит, дигестивни проблеми и воспаление на кожата. Хроничен недостаток може да предизвика болест пелагра.

 Б5-Пантотенска киселина
Значаен е за одржување на здрава кожа, влијае врз работата на нервниот систем и помага при состојби на стрес.

Најдобри извори за овој витамин се: месо (црн дроб, бубрег), жолчка од јајце, цели зрна пченица, авокадо, ореви, кикирики, леќа, соја, кафеав ориз, брокула и млеко. Недостаток од овој витамин може да предизвика симптоми како: повраќање, нервоза, абдоминална болка, мускулни грчеви, инфекција на горните респираторни органи и друго.

 

Б6-Пиридоксин

Витаминот Б6 е инволвиран во повеќе од стотина клеточни реакции низ телото. Неопходен е за  нормална функција на нервниот и имунолошкиот систем, како и за  формирање на црвени крвни клетки. Најдобри извори за овој витамин се: месо, живина, јајца, банана, риба, житни зрна, ореви и варен спанаќ. Недостатокот на витамин Б6 може да предизвика: слабокрвност, воспаление на кожата и јазикот, грчеви во нозете, раздразливост и несоница.

 

Б7-Биотин

Неопходен  во одржувањето на здрава коса, кожа и нокти. Биотинот го поддржува метаболизмот на јаглехидрати, протеини и масти во телото. Помага за нормализирање на нивото на шеќер кај дијабетичарите.
Најдобри извори за овој витамин се: пивски квасец, црн дроб, жолчка од јајце, печурки, бабани, кикирики, моркови. Недостаток од витамин Б7 може да предизвика проблеми со кожата, пукање на нокти и губење на коса.

 Б9-Фолна киселина
Фолната киселина е најчесто позната по својата улога во здравјето и развојот на фетусот, бидејќи игра клучна улога во правилниот развој на нервниот систем на бебето. Овој важен процес на развој се јавува во првите недели од бременоста, така што соодветна доза на фолна киселина е особено важна за сите жени во бременоста. Помага при стрес и малаксаност. Учествува во создавањето на ДНК и црвените крвни клетки.
Најдобри извори за овој витамин се: Леб и житарици, темно зелен лиснат зеленчук, како што се аспарагус и спанаќ, пивски квасец, црн дроб,сок од портокал, цвекло и авокадо.
Недостаток од витаминот Б9 (фолна киселина) се јавува кај бремени жени и кај алкохоличари. Голем недостаток на фолна киселина во организмот може да доведе до мегалобластична анемија.

Б12-Кобаламин
Витаминот Б12 игра важна улога во производство на клеточна енергија. Учествува во синтеза на ДНК, црвените крвни клетки и нормална функција на нервниот систем. Го зголемува апетитот и помага во превенцијата од анемија. Најдобри извори за овој витамин се: пилешко, говедско месо, риба, млеко, млечни производи, морски подови и јајца. Недостаток од овој витамин може да предизвика: замор, нередовна столица и запек, депресија, анксиозност, слабост, анемија, астма, заборавеност итн.

 

Секој од витамините од групата Б има своја уникатна улога во организмот. Тие во телото дејствуваат заедно, како комплекс, и многу од нив се застапени во иста храна.
Внес на поголеми дози витамини Б помагаат во лекувањето на полесни форми на депресија, анксиозност, раздразливост и слабо паметење. Поголеми дози од препорачаните се користат за успешно лекување на шизофренија и други психички растројства.