Потребни состојки:
- 300 гр интегрално пченично брашно
- 100 гр путер чуван на собна температура
- 2 супени лажици кокосово масло
- 5 лажици мед (или кафен шеќер)
- 1 јајце
- 1 кафена лажица ѓумбир во прав
- ½ кафена лажица цимет
- ½ прашок за печиво
Подготовка:
Во длабок сад изматете го путерот и кокосовото масло, а сосем при крај додадете го и медот. Штом состојките убаво се соединат, постепено додадете го брашното, јајцето, ѓумбирот, циметот и прашокот за печиво. Убаво соединете ја смесата со лажица за матење, а потоа употребете ги рацете за да замесите тесто. Тестото во облик на топка, ставете го во фрижидер да отстои околу 30 минути до 1 час. Со сукало, од тестото направете кора – сипете брашно ако тестото се распаѓа или ако се лепи. Формирајте колачиња со помош на новогодишни калапи. Колачињата наредете ги на плех обложен со хартија за печење и печете ги на 180 степени од 10 до 12 мин. Декорирајте ги по желба.