Потребни состојки:
500 г посно сирење
100 г корнфлекс (без шеќер)
1 јајце
2 белки
1 шолја јогурт
Подготовка:
Во подлабок сад згмечете го сирењето со виљушка, додајте ги белките и јајцето и мешајте додека да се соединат. Додајте го корнфлексот и озгора полијте го јогуртот и мешајте полека. Смесата ставете ја во калап за печење. Печете го бурекот околу 40-тина минути на 200 степени.