Потребни состојки:
- 2 тврдо варени јајца, исечени на четвртини
- 4 ленти сланина, исечкани на коцки
- 1 парче стек, исечкано на коцки
- 10-тина листови сечкана марула
- 10-тина шери домати сечкани на половинки
- 50 гр дробено сино сирење
- 1 сечкано авокадо
- ситно сечкан власец за гарнир
- сол и црн пипер по вкус
Состојки за дресинг
- 50 мл вински оцет
- 1 цеден лимон
- 1 кафена лажица сенф (дижон)
- 2 чешниња лук, столчени
- ½ кафена лажица суво оригано
- ¼ кафена лажица сол
- ¼ кафена лажица црн пипер
- 50 мл маслиново масло
Подготовка:
Ставете ги јајцата да се варат. Зачинете го месото и ставете го да се пече во рерна, при крај додадете ги и лентите сланина да се испечат. Во меѓувреме, спојте ги состојките за дресинг така што маслиновото масло ќе го сипете последно, постепено додека мешате. На дното на садот за салата прво ставете ја марулата, а останатите состојки нардете ги по желба. Озгора прелијте ја салатата со дресингот.