Фалафел врап

Фалафел врап

Потребни состојки:

  • 200 г наут од конзерва или тегла
  • 2 лажици вода од наутот
  • 1/2 црвен кромид
  • 2 чешни лук
  • сол, црн пипер, магдонос, коријандер и други зачини по вкус
  • 1 тортиља
  • 1 лажица хумус
  • малку свежа краставица, шери домати, варена пченка, марула или друг зеленчук по желба

Подготовка: 

Блендирајте го наутот заедно со двете лажици вода. Во оваа смеса додајте ги ситно сечканиот лук, кромидот, зачините и убаво промешајте. Од смесата формирајте плескавички и печете ги на хартија за печење на 180 степени по 15 минути од двете страни. Штом се готови, намачкајте ја тортиљата со хумус, наредете ги зеленчуците и на крај наредете ги фалафел плескавиците.