Потребни состојки:
- 200 г пилешко месо од готово пиле или стек
- 2 моркови
- малку целер
- 2 чешни лук
- 500 г печурки
- 1 главица кромид
- 250 мл пилешки бујон или сварена коцка супа
- 1 чаша нискомаслено млеко
- 1 или 2 чаши вода (густина по желба)
- сол, црн пипер и мајчина душица
Подготовка:
Ситно исечкајте ги кромидот, лукот, морковот и целерот, и пропржете ги на малку масло во тенџерето каде што ќе се вари супата. Штом малку зарумени зеленчукот, додајте ги сечканите печурки и тие да се пропржат. Оваа супа е највкусна ако се приготвува со месо од готово пиле, но ако користите свеж стек, тогаш исечкајте го и ставете го да се пропржи заедно со зеленчукот и печурките, па додајте ја водата. Потоа, додајте го млекото заедно со зачините и пилешкиот бујон. Оставете ја супата да проврие, а потоа тргнете ја од оган.