Здрав сендвич со наут

Здрав сендвич со наут

Потребни состојки:

  • 250г варен или конзервиран наут
  • 1/2 авокадо
  • 1 лажица цеден сок од лимон
  • 5-6 зрна сува брусница
  • малку свежа рукола
  • 2 парчиња интегрален леб
  • сол и бибер по желба

Подготовка:

Згмечете го наутот заедно со авокадото за да добиете смеса што може да се намачка на леб. Во смесата додајте ги брусницата, сокот од лимон, сол и малку бибер по вкус добро промешајте. Стоплете ги парчињата интегрален леб на тостер или ако милувате во рерна. Намачкајте ја подготвената смеса (налик паштета) на едното лепче, па озгора наредете неколку ливчиња рукола и поклопете со другото лепче.