Кога последен пат плачевте?
Не трудете се да ги исклучите емоциите задржувајќи безизразен лик, ако ви доаѓа да плачете – сторете го тоа! Дали воопшто си дозволувате да заплачете кога ви е тешко? Плачењето е природен човечки одговор поттикнат од низа емоции како тага, фрустрација, нервоза, радост и среќа. И затоа, погрешно е овој чин да се толкува како знак на слабост.
Истражувањата покажуваат дека жените во просек плачат 3.5 пати месечно, додека мажите 1.9 пати месечно. Некои научници велат дека токму поради ова жените се поиздржливи и помалку склони на срцеви заболувања. Без разлика на полот или возраста, емоционалното плачење е пожелна алатка за справување со стресот и истата не подразбира губење самоконтрола.
Преку плачењето телото се сингронизира со умот
Сте забележале ли дека кога се соочувате со тешки моменти вашите емоции се исклучуваат и станувате рамнодушни? Тоа е всушност состојба на шок или природен одбранбен механизам на телото од голем стрес. Но, штом непријатната ситуација помине, доаѓаат солзите. Неконтролиран плач може да ве совлада во секој миг. Психолозите велат дека станува збор за посттрауматичен синдром. Имено, телото во моментите на стрес не е секогаш во состојба да се справи со емоциите, па затоа солзите доаѓаат со задоцнување. Иако можеби тажниот филм е она што ве расплака, реалноста е дека потиснатите емоции се они што одлучиле да излезат во јавност. Плачењето за баналности е јасен сигнал дека е време да се справите со тагата и да ја скршите фасадата што ви ги блокира емоциите.
Преку плачењето ја држиме ситуацијата под контрола
Истражувањата покажуваат дека четири од пет луѓе на возраст од 18 до 34 години се справуваат со својата анксиозност, така што се уверуваат себеси и другите дека се е во ред. Но, ваквото негирање на проблемот води до несоница, намалување на апетитот, одбивност за социјализација и на крај депресија. Време е да престанете да ги голтате солзите! Како? Ако ви пречи да ја покажувате својата ранлива страна во јавност, едноставно повлечете се и одвојте време за себе кога ќе можете комплетно да им се препуштите на емоциите. Ваквата практика ќе ви помогне да научите да се контролирате штом се почувствувате ранливо.
Преку плачењето се справуваме со хормонот на стрес
Под влијание на стрес, телото го лачи хормонот на стрес-кортизол, кој е сосема прифатлив доколку е во мали дози. Но, кога телот почнува да лачи големи дози кортизол, почнуваат проблемите. Кортизолот во високи дози го слабее имунитетот, го зголемува крвниот притисок и влијае на нормалното функционирање на мозокот. Во 1980-тата година, биохемичарот д-р Вилијам Фреј открил дека солзите што се резултат на емоционална состојба, индиректно му помагаат на телото да се ослободи од вишокот кортизол. Затоа, плачењето под дејство на стрес е најдобриот механизам преку којшто телот се брани. Всушност, плачењето е една фаза од емотивното заздравување на индивидуата.
Преку плачењето го подобруваме расположението
Сосема е нормално некогаш да се расплачете на некој тажен филм или да ве совладаат емоции на некој спортски натпревар. Луѓето честопати свесно консумираат тажна содржина со цел да ги разголат своите емоции и да си поплачат. Специјалистот по биолошка психологија, д-р Асмир Грачанин, во едно истражување открива дека лицата кои лесно се растажуваат покажуваат далеку подобро расположение за разлика од оние кои не поткленуваат на баналности. На пример, по завршување на тажниот филм, луѓето кои плачеле се чувствувале тажни околу 20 минути, но 90 минути подоцна се чувствувале дури и подобро од пред почетокот на филмот.
После долго плачењ ќе се чувствувате многу полесно, а решението на проблемот ќе ви изгледа многу едноставно. Луѓето во 70-тите плачат скоро секој ден поради нагласената чувствителност, но и поради тоа што повеќе не водат сметка што некој ќе ги оцени како слаби карактери.
Плететењето како хоби и терапија
Плетењето го намалува срцебиењето и го смирува организмот како што тоа го прави јогата, се вели во истражувањето спроведено од Универзитетот Харвард од 2007 г. Истажувањето од 2011 г. на Клиниката „Мајо“, бели дека 70-годишните испитаници кои го користат своето слободно време за да плетат, ги подобриле когницијата и меморијата за разлика од нивните врсници кои се одрекле од ова хоби.
Плетењето е еден вид медитација што резултира со придобивки по здравјето, но и со многу неодоливи парчиња облека и играчки што топлат и радуваат.
Искористете ја оваа добро позната традиција за да ја продлабочите врската со вашата баба, па дури и за да стратувате свој мал бизнис.