Овчарска салата

Овчарска салата

Потребни состојки:

  • 1 зелена пиперка
  • 1 црвена печена пиперка
  • 2 варени јајца
  • 1 парче кашкавал
  • 1 помала краставицка
  • 1/2 главица кромид
  • 1 домат
  • 4-5 печурки
  • 5 маслинки
  • 1 парче сирење
  • прстофат сол
  • маслиново масло по вкус

Подготовка:

Исечкајте ја зелената пиперка на ленти, а печената пиперка, краставицата, доматот, сирењето и кашкавлот на коцки. Кромидот исечкајте го на тенки месечинки. Печурките исечкајте ги на четвртинки и пропржете ги на малку маслоново масло зачинети со сол. Варените јајца, исто така, исечкајте ги на четвртинки. Во длабок сад промешајте го зеленчукот со малку маслиново и сол, па потоа распоредете ги сирењето, кашкавалот, печурките и на крај јајцата.