Акцијата во филмот се случува во Бејрут во 1982-та. мејсон Скајлс (го толкува Џон Хам) е поранешен американски дипломат кој одново е повикан во служба со цел да го спаси колегата од заробеништво. Истите луѓе кои го киднапираат неговиот колега и пријател, се одговорни за смртта на неговата сопруга. Во меѓувреме, теренски агент на ЦИА кој работи под закрила во американската амбасада, има задача да го одржи Мејсон во живот и да се погрижи мисијата да биде успешна.