Менопаузата е еден од најважните периоди во животот на една жена што носи бројни физиолошки промени кои трајно го менуваат нејзиниот живот. Таа се дефинира рестроспективно, како времето на последниот менструален циклус после којшто следат 12 месеци аменореа (отсуство на менструални циклуси). Перименопаузата се карактеризира со појава на ирегуларни менструални циклуси, пролонгирани и обилни крвавења, периоди на аменореа, вазомоторни симптоми и несоница. Постменопауза е периодот што следи после последниот менструален циклус.
Не го цениме целосно природниот хормон естроген додека не го снема. Овој скромен хормон е од суштинско значење за одржување на здравјето низ целото женско тело. Постменопаузалните симптоми првенствено се припишуваат токму на намаленото ниво на циркулирачки естроген. Симптомите како иритабилност, промени во расположението, несоница, појава на „жешки бранови“, збунетост, уринарна инконтиненција, остеопенија и остеопороза, депресија, главоболки, вазомоторни симптоми и несоница се дел од синдромот познат како постменопаузален синдром.
Жените во перименопауза и постменопауза се озложени на посебен ризик од нарушувања на расположението. Околу 90% од нив страдаат од ментални нарушувања, кои се манифестираат како ненадејни промени во расположението, справување со проблеми со секојдневниот стрес, слаб дух, замор, нервоза, раздразливост, слаба концентрација, полоша меморија, соматски поплаки без одговор на третман и целосна депресија. Топлите бранови се главната причина зошто жените бараат нега во менопаузата. Урогениталната атрофија резултира со сувост на вагината и чешање, диспареунија, дизурија и уринарна итност.
Соодветна суплементација во текот на менопауза
Остеопорозата е системско заболување на скелетот, коешто се карактеризира со намалена коскена маса со консеквентно зголемување на коскената кршливост и подложност кон фрактури. Мускулно-скелетни симптоми коишто се карактеризираат со болки во грбот, фрактури при минимална траума, намалена висина и подвижност се чести поради остеопороза.
Нивото на елементите во трагови е исклучително важно за одржување на нормалното функционирање на човечкото тело. Ризикот од нарушување на нивната рамнотежа особено динамично се зголемува во периодот на менопаузата. Mg, Zn и Cu се суштински кофактори за ензимите вклучени во синтезата на различни состојки на коскениот матрикс и повеќе од 300 ензимски реакции што ги прави неопходни во коскениот метаболизам. Недостатокот на Mg и Zn кај жените во постемопауза води до појава на палпитации, треперење на раацете и нозете, парестезија, нарушувања на имунолошкиот систем, сува и груба кожа, губење на косата, апатија, меланхолија, проблеми со концетрацијата, како и оштетувања на видот, слухот, вкусот и мирисот.
Калциумот е од суштинско значење за различни функции на телото, како што се преносот на нервни импулси, мускулната контракција и згрутчување на крвта. Бидејќи внесот на калциум има тенденција да се намалува со возраста, суплементацијата на калциум е особено важна кај жените во постменопауза. Витаминот Д е исто така фундаментален за здравјето на коските, бидејќи е значаен за оптимална апсорпција на калциум. Производството на витамин Д од страна на кожата исто така се намалува со возраста. Истражувачите откриле дека додатоците на витамин Д имаат мал до умерен ефект врз симптомите на депресија кај возрасните.
Токму поради улогата што ја имаат овие микроелементи и витаминот Д за здравјето на постменопаузалните жени, најсоодветно е нивно земање во еден препарат во којшто би ги имало во доволни концетрации за препорачан дневен внес.
Едни од поважните состојби кои се јавуваат во постменопаузалниот период се остеопенија и остеопороза. Остеопенијата е дефинирата како минерална густина на коските помала од нормалната и е најзастапена кај жените во постменопауза. Остеопенијата често се нарекува „пред остеопороза“ бидејќи понекогаш води до остеопороза.