Чоколадни велигденски јајца

Чоколадни велигденски јајца

Потребни состојки:

  • 100 г свежи урми без семка
  • 100 г топена чоколада
  • 150 г мелени јатки
  • 50-70 г корнфлекс

Состојки за глазура:

  • 150-200 г чоколада
  • 2 лажици масло
  • бела чоколада за украсување

Подготовка:

Блендирајте ги сите состојки (освен корнфлексот) во процесор или блендер. Во добиената хомогена смеса додајте го корнфлексот откако претходно ќе го искршите на поситни парчиња со помош на тегла. Од добиената смеса формирајте бомбици во облик на јајце и ставете ги во фрижидер за да се стегнат половина час. Стопете ја чоколадата заедно со маслото и во глазурата потопете ги јајцата едно по едно, па ставете ги во фрижидер да се стегнат. на крај, украсете ги чоколадните велигденски јајца со стопената бела чоколада.