Што точно значат овие ознаки на храната?
Се сеќавате ли на времето кога храната беше уживање? Кога пазарувавте без да губите време во читање декларации? Денес доволно е да посакате да зготвите месо за да ве фати паника што да купите.
Да биде ослободено од хормони, антибиотик, нитрати и да доаѓа со специјална белешка дека кокошката е одгледувана во чиста средина ослободена од стрес. Во ред, барем некој бил ослбооден од стрес. Не сте ништо побезбедни ако се откажете од месо, бидејќи зеленчукот и овошјето се толку преплавени со пестициди, што слободно може да се декларираат како канцерогени бомби.
И сега како слободно да јадете омлет без да се заапрашате дали кокошката што ги снела јајцата била на пеницилинска терапија? Одамна квантитетот го надмина квалитетот, а прехранбената индустрија започна се повеќе да ни ги отежнува работите. Преплавени од разноразни ознаки, решивме да направиме мала поделба и да ви ги разјасниме работите.
Што значи органско?
Производството се смета за органско доколку производот е растен без конвенционални пестициди, синтетички или отпадни води и кое било друго вештачко ѓубриво. Спакуваната храна мора да содржи барем 95 проценти потврдени органски состојки кои не смеат да бидат процесирани со користење на лабараториски ламби, зрачења или со генетички инженеринг. Што се однесува на органското месо, животните мора да бидат хранети со органска храна, не смеат да примаат, антибиотици или хормони и мора да бидат одгледувани во природни услови за живот каде што ќе можат слободно да се движат и да пасат.
Органската храна звучи многу здраво, но колку е хранлива?
Универзитетот „Стенфорд“ направи анализа на 237 истражувања посветени на органската и вообичаената храна, и нивните резутлати покажаа дека нема никаква разлика во хранливата вредност, ниту во однос на ризиците по здравјето помеѓу овие две категории. Но, во British Journal of Nutrition излезе студија во која се вели дека органската храна содржи повисоко ниво на антиоксиданти. Заклучокот на студијата е дека човекот ќе успее да ги задоволи потребите од антиоксиданти само преку храната, но само ако истата е органска во целост. Истражувањето покажува и дека органската храна речиси и да не содржи пестициди.
Докажано е дека одредени пестициди се екстремно опасни за здравјето, поттикнуваат раст на канцерогените клетки, го ослабуваат имуниот систем, го зголемуваат ризикот од прекумерна тежина, дијабетес и деменција. Истото важи и за антибиотиците кои се даваат на животните, па со сигурност се знае дека нивното укинување ќе значи поткревање на квалитетот на здравјето кај човекот. Најголемо подобрување се прогнозира кај уринарните инфекции, чија резистентност на лековите често се поврзува со консумација на месо од животните кои се одгледуваат на фарма.
Можните здравствени ризици кои со себе ги носат пестицидите и антибиотиците се реалност, но исто така се познати и придобивките од овошјето, зеленчукот и чистите протеини без кои не би можеле да опстанеме. Секогаш кога сте во можност дајте и предност на органската храна, особено кога се работи за месо и млечни производи и намирници кои многу полесно ги апсорбираат штетните супстанци, а меѓу нив се: јаболка, грозје, праски, јагоди, пиперки, целер, домати, краставици, боранија и спанаќ.
Што значи природно?
Речиси 60^ од потрошувачите го бараат називот „природно“ на производите додека пазаруваат, тврди истражувањето на Consumer Reports. Од вкупниот број на оние кои се во потрага по оваа ознака, две третини мислат дека истото значи дека производот не содржи пестициди, вештачки додатоци или ГМО.
Со овој термин најчесто се означува храната која нема вештачки додатоци, вклучувајќи ги и конзервансите, но во секој случај изостанува официјален став за тоа дали оваа храна е добра или лоша за здравјето. Ниту на самата декларација не е означено каде и како е одгледувано животното од кое потекнува месото, со што се хранело и дали примало некакви антибиотици или ГМО состојки. Многу е важно терминот „природно“ да не се поистоветува со „здраво“. На пример, многу растенија содржат отрови кои се природни, но тоа не значи дека се добри за човекот. Многу попаметно е да обрнете внимание на составот на производот, отколку да робувате на ознаката „природно“, советуваат нутриционистите.
Трагајте по добри состојки како растителни влакна, протеини, витамини, минерали и што помалку лоши состојки како рафинирани шеќери или заситени масти или збунувачки состојки како натриум бензоат.
Што значи безглутенско?
Една третина од нацијатае заразена со безглутенска манија. Тоа се луѓе кои веруваат дека глутенот е виновен за нивниот константен умор, недостиг на енергија и вишок килограми.
Храната без глутен стана поим за храна која содржи многу малку јаглехидрати. Но, колку е тоа вистина?
Дел од експертите за храна се на ставот дека производите без глутен како колачите и лебот, содржат дополнителни количества масти и шеќери со цел да се надомести и недостатокот на вкус кој се губи при отстранување на глутенот.
Покрај ова, уште еден недостаток е високата цена на производите кои се означени како безглутенски. Потрошувачите се лесна мета за манипулација, па затоа поризоводителите многу често на своите производи пишуваат дека се без глутен, иако истите по природа воопшто не содржат глутен (како оризови снегулки или пуканки) се со цел да ја покачат цената. Мал процент од населението страна од целијачна болест (автоимуно нарушување кое предизвикува симптоми на гадење, надуеност, болка, хронична дијареја или констипација секојпат кога во телот ќе внесат глутен). Во овој случај, исфрлањето на протеинот е задолжително.
Ако сте едни од 18-те милиони кои се чувствителни, но не и алергични на глутен, доволно е да го намалите внесот на глутен. Но, доколку единствено се обидувате да ја намалите телесната тежина, тогаш изберете храна што изобилува со хранливи материи и ќе добиете двојно повеќе, ем здравје, ем витка фигура. На следното пазарување, наместо со безглутенски, наполнете ја корпата со риба, пилешко, телешко, јогурт, производи кои само по себе не содржат глутен, а кои ќе ве заситат.