Месечен хороскоп МАЈ – ЈУНИ 2023

Месечен хороскоп МАЈ – ЈУНИ 2023

Предизвици за лавовите, успех кај скорпиите

Овен (21.03 – 19.04)

На емотивен план не треба да манифестирате суета, посесивност и тврдоглавост, зашто и другите заслужуваат да се изборат за своите права и да го искажат своето мислење. Толеранцијата, трпеливоста и работната ангажираност ќе ви помогнат правилно да се однесувате и успешно да ги канализирате сопствените емоции.

Бик (20.04 – 02.05)

Периодов нема да се карактеризирате со некоја силна упорност и трпеливост, така што мошне лесно ќе се откажувате од зацртаните цели и планови. Таквиот пристап ќе преовлада поради уверувањето дека за елиминирањето на проблемите и неизвесноста ќе мора да се соочите со големи искушенија.

Близнаци (21.05 – 20.06)

Во последно време премногу се оптоварувате со работи што не заслужуваат големо внимание. Имате впечаток дека во вашата непосредна околина постојат лица кои на секаков начин се обидуваат да ви напакостат и да ви го оневозможат напредувањето. Ви се препорачува добро да го проанализирате таквиот став, да не подлегнувате на провокации и да бидете трпеливи.

Рак (21.06 – 22.07)

Потсвесната оптовареност и стравот од соочувањето со иднината ќе го оптоварат вашиот организам и ќе ви пробудат потреба за мир и изолација. затоа, од пресудна важност е на објективен начин да ги согледате ограничувачките фактори и дасе обидете да го задржите мирот во длабочината на својата душа.

Лав (23.07 – 22.08)

Периодов не треба да се пасивизирате бидејќи ќе се соочите со нешта кои ќе ви донесат големи искушенија. Емоционалната возбуденост целосно ќе загосподари со вашата личност. Искористете ја можноста, направете нешто добро за себе и иницирајте активност што ќе ви создаде трансофрмација и нови предизвици во животот..

Девица (23.08 – 22.09)

Не треба да се оптоварувате со пропуштените можности, зашто илузорно е да очекувате да се врати тоа што не се враќа – времето. Затоа, организирајте ги силите кон перспективите на иднината. Разберете дека имате квалитет за излез од психофизичкиот лавиринт. Не оставајте ништо на случајот и мудро, но трпеливо движете се кон целта.

Вага (23.09 – 22.10)

Во овој период корисно е да не им се доверувате на другите и да ги контролирате негативните емоции, бидејќи не е време за донесување пребрзи одлуки. На здравствено поле бидете внимателни и не ја трошете енергијата на активности кои можат психофизички да ве истоштат.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Полека, но сигурно оттргнете се од влијанието на недобронамерниците, престанете да се жртвувате за лицата кои тоа не го заслужуваат и бидете силни во стремежот за промена на досегашниот однос кон надворешните околности. Успехот ќе следи ако повеќе се посветите на самите себе.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Се наоѓате пред мошне заначајни одлуки и околности кои може да ве одведат кон врвот или соочат со дното. Ударите на судбината ќе ги елиминирате само ако ве води вербата во сопствените вредности, надежта и љубовта. Доколку ја елиминирате тврдоглавоста и бидете позитивно насочени, ќе може да се надевате на добробит.

Јарец (22.12 – 19.1)

Најдобро е ако се обидете да ја стабилизирате професионалната состојба бидејќи со чекање некој друг да дојде и да ви го реши статусот, ништо нема да направите. Ѕвездите ветуваат успех, посебно, ако сериозно му пристапите на проблемот и бидете храбри во настанот.

Водолија (20.1 – 18.2)

Добро е ако покажете интерес за проблемите на блиските, но воедно ќе треба да се ориентирате и кон самите себеси. Треба да знаете дека без постигнување внатрешен мир и хармонија, многу потешко ќе им бидете од полза и на другите. Периодот е добар за преиспитување на нештата што претходно ви се случува и за создавање нови предуслови за напредување.

Риби (19.2 – 20.3)

Постојаната променливост во однесувањето ќе ви создаде проблеми на емоционален план и ќе ви ги затвори предиспозициите за хармонизирање на состојбата со блиските. Ако не сакате изолацијата и неизвесноста тотално да завладеат со вашата личност, ќе мора да ги согледате слабостите и да престанете да ги обвинувате другите за се што ви се случува во животот.

 

д-р Зоран Крстевски
едукатор, мотиватор и тренер за личен развој