Потребни состојки:
- 1 лажиче маслиново масло
- 2 главици кромид, сечкани
- 280 г моркови, изрендани
- 2-3 лажички чили во прав
- 2 х 400 г сечкани домати (свежи или конзервирани)
- 2 х 400 г конзервиран црвен грав
- 6 мали интегрални тортиљи
- 200 г нискомаслен јогурт
- 50 г чедар сирење
Подготовка:
Загрејте го маслото во голема тава. Пржете го кромидот и морковите додека да омекнат и додајте малку вода ако почнат да се лепат. Посипете со чили во прав и гответе уште 1 минута. Истурете ги доматите и гравот и оставете смесата да зоврие и да се згусне. Тргнете ја смесата од оган и добро зачинете ја.
Загрејте ја рерната на 200 степени. Во огноотпорен сад ставете дел од филот, а врз него наредете ги ториљите откако претходно ги премачкавте со смесата и убаво ги превиткавте. Озгора сипете ја преостанатата смеса. Измешајте ги јогуртот и ренданото сирење со малку зачини и со лажица прелијте ги енчиладите. Печете неколку минути додека горниот дел не порумени. Послужете со зелена салата.