Зачинета чорба од леќа и морков

Зачинета чорба од леќа и морков

Потребни состојки:

  • 2 лажички семки од ким
  • прстофат чили снегуки
  • 2 лажици маслиново масло
  • 600 г измиени моркови, крупно сечкани или рендани
  • 140г црвена леќа
  • 1 л топла сума од зеленчук (од коцка е во ред)
  • 125 мл млеко
  • 1 парче интегрален леб и јогурт како прилог

Подготовка:

На загреано тенџере на оган, суво пропржете ги кимот и чили снегулките околу 1 минута или додека не почнат да „скокаат“ и да ги ослободат своите ароми. Извадете околу половина од зачините во тенџерето и тргнете ги настрана. Во тенџерето додајте ги маслиновото масло, морковот, леќата, зеленчуковата супаа и млекото, и оставете да зовријат.

Варете околу 15 минути додека да омекне леќата. Готовата супа ставете ја во блендер или оставете ја како што е. Зачинете со сол и бибер. Послужете ја топла, а озгора посипете јогурт и остатокот од зачините. Повкусна е со топло лепче.