Потребни состојки:
- 2 лажички ладно цедено маслиново масло
- 50 мл млеко
- 1 лажица сок од лимон
- 2 лажички екстракт од ванила
- 160 г обично интегрално брашно
- 2 лажици чиа семе
- 25 г овес
- 2 лажички
- прашок за пециво
- 200 г грчки јогурт
- 400 г јагоди
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Обложете калап за мафини со хартија за печење или премачкајте го со маслиново масло. Измерете го млекото во бокал и дополнете со вода до 300 мл. Сипете ги сокот од лимон, ванилата и 2 лажички масло. Сипете ги брашното, чиа семето и овесот во процесор за храна за да направите фина смеса. Додајте го прашокот за пециво. Истурете ги течните состојки во сувите и мешајте со лажица за да добиете хомогена смеса налик на тесто. Распоредете ја смесата во калапот за мафини и печете 20 минути додека тестото да нарасне и да стане цврсто. Штом мафините се оладат, отстранете ги од калапот, премачкајте ги со грчки јогурт, а озгора наредете ги свежите јагоди.