Тоскански тестенини

Тоскански тестенини

Потребни состојки:

  • 40 г суви домати во масло
  • 1 ситно сечкан кромид
  • 125 г мисиркини гради
  • 2 раце млад спанаќ
  • 10 г пармезан
  • 40 мл неутрална павлака (хопла)
  • сол, лук во прав, сув магдонос
  • 60 г тестенини по желба

Подготовка:

Исечкајте ги сувите домати и ставете ги во тефлонска тава да се пропржат заедно со кромидот. по потреба, додајте малку маслиново масло. штом кромидот порумени, додајте го месото сечкано на коцки. Откако месото ќе се испржи, сипете ја павлаката и зачинете. Оставете го сосот на тивок оган да проврие и да се згусне, па сосем на крај додајте го младиот спанаќ, а озгора поросете го пармезанот. Гответе уште 2-3 минути, па додајте ги претходно сварените тестенини. Убаво промешајте на топла рингла, за тестенините да се соединат со сосот.