Вишни

Вишни

Интензивната боја на ова овошје со специфичен вкус е доказ за неговиот богат антиоксидантски состав и лековитост. Можете да ги внесете преку сок, компот, џем, но најмоќни се кога се свежи. Богати се со витамини А, Ц, Е, фолна киселина, калиум, магнезиум, железо и растителни влакна. најмногу се користат за намалување на болките и воспаленијата во коските и мускулите. Науката вели дека 20 вишни вневно ја намалуваат болката подеднакво ефикасно како аспирин или аналгетик. Вишните содржат и антоцијани кои делуваат превентивно од канцерогени заболувања, а особено спречуваат развој на тумор во дебелото црево.

Вишните содржат дури 19 пати повеќе бетакаротен од боровинките, а тој е клучен за одржување на здрав вид особено во летниот период кога очите се изложени на високо УВ-зрачење. Вишната е едно од ретките плодови кои содржат мелатонин, природен хормон клој го регулира спиењето. Чаша сок од вишни пред спиење е добра тактика за да му овозоможите на телото длабок и постојан сон во текот на ноќта. Вишната го одржува срцето здраво, бидејќи го регулира холестеролот во крвта и го намалува ризикот од тромбоза.