Трогателната драма на режисерката Сара Поли е вусшност филмска адаптација на истоимениот роман од 2018 година на Миријам Товс. Инспириран од вистинити настани, филмот го следи животот на жените од една изолирана верска колонија. Со години, мажите повремено ги дрогираат жените за потоа да ги силуваат.
Млади девојки преку ноќ остануваат бремени и никој не зборува ниту презема нешто околу тоа. Но, вистината излегува на виделина, бидејќи жените одлучуваат да го скршат молкот. Дали ќе успеат да ја сменат својата судбина.