Чоколадни коцки од наут

Чоколадни коцки од наут

Потребни состојки:

  • 200 г варен наут (или од конзерва)
  • 120 г свежи урми (претходно покиснати во вода 15-30 минути)
  • 100 г црна чоколада
  • 2 лажици кокосово масло (може и маслиново)
  • малку екстракт од ванила

Подготовка:

На тивок оган ставете ја чоколадата да се стопи заедно со маслото. Стопената чоколада сипете ја во блендер заедно со наутот и урмите. Зачинете со ванила. Блендирајте додека добиете густва кремаста смеса. Натапкајте ја смесата во сад и оставете ја во ладилникот еден до два часа за убаво да се стегне. Потоа, исечете ја смесата на коцки и секоја коцка декорирајте ја со кршени лешници и резанки свежо овошје. Највкусни се во комбинација со резанки портокал или шумско овошје.