Потребни состојки:
- 500 мл бадемово млеко
- 1 стапче цимет
- 1/2 кафена лажица мака во прав
- 1/2 ванила стапче
- малку мелено морско оревче
- 2 лажички мелени бадеми во прав
- 1/2 лажичка екстракт од ванила
- 3 лажички нишесте
Подготовка:
На умерена температура, загрејте го бадемовото млеко заедно со циметот, маката во прав, стапчето ванила, бадемите во прав и екстрактот од ванила. Штом состојките стасаат до точка на вриење, отстранете ги стапчињата од цимет и ванила, па постепено додавајте нишесте додека добиете густа смеса. Доколку смесата е премногу густа, сипете уште малку бадемово млеко. Декорирајте со цимет во прав.