Потребни состојки:
- 1/2 тиква
- 150 г грашок
- 1/4 карфиол
- 1 тиквица сечкана на кругови
- 1/2 црвен кромид
- 8 шери домати
- 5 ротквици
- 1/2 кафена лажица интегрален сусам
- 1/2 кафена лажица бел сусам
- 4 ливчиња нане, ситно исечкани
- 2 кафени лажици гоџи бобинки
- 300 г индиски ореви
Состојки за дресинг:
- 150 мл ладно цедено маслиново масло
- 1/2 цедено цвекло
- цеден сок од 1/2 лимон
- 1 тркалце ѓумбир
- 1/2 чешне лук
- 2 лажички путер од бадеми
- малку млада вода
- прстофат сол
Подготовка:
Тиквата и останатиот зеленчук можете да ги печете во рерна, да ги сварите или да ги подготвите на сакара. Гоџи бобинките малку сварете ги да омекнат заедно со нането. Двата типа сусам и индиските ореви тостирајте ги на тефлонска тава. Измешајте ги состојките за дресинг, освен цвеклото и маслото, нив додајте ги на крај и убаво мешајте додека добиете фина смеса. Ставете го зеленчукот во чинија и прелијте ја салатата.