Одлична трилер, мини серија од седум епизоди со Идрис Елба во главната улога. Актерот го толкува корпоративниот бизнис преговарач Сем Нелсон. Во последен момент, Сем ќе се качи на летот Дубаи – Лондон кој за кратко ќе се претвори во лет од пеколот. Сем ќе биде принуден да ги искористи своите преговарачки вештини со цел да постигне компромис со киднаперите на седумчасовниот лет. Драма, неизвесност, неочекуван пресврт на настаните, ја прават оваа серија возбудлива за сите возрасти. Режисерот на интересен и непредвидлив начин се приближува до финалето на серијата поттикнувајќи адреналин кај гледачите до самиот крај. Ќе успее ли Сем да потпише уште една бизнис зделка?