Потребни состојки:
- 4 тортилји
- 4 парчиња свинска кртина
- 1 авокадо
- 2 домати
- 2 црвени пиперки
- 1 зелена пиперка
- 1 главица кромид
- 10 маслинки
- цеден сок од 1/2 лимон
- сол, мелен црн пипер, свеж босилек
Подготовка:
Најпрво подгответе го намазот од авокадо, така што ќе го излупите авокадото, ќе ги исечкате маслинките и заедно ќе ги изблендирате (можете и да ги гмечите со виљушка) заедно со сокот од лимон, сол и црн пипер. Доматите, пиперките и кромидот исечкајте ги покрупно и пропржете ги многу кратко на силен оган. Зачинете ги со сол и свеж босилек.
Месото исечкајте го на коцки, убаво посолете го и пржете го на загреано масло додека порумени. Тортилјите загрејте ги, а потоа премачкајте ги со намазаот од авокадо. Озгора наредете го месото па заленчукот. Послужете додека е топло