Заснован на реален случај, трилерот на режисерот Доминик Мол ја следи долгата истрага за страшната смрт на една млада жена во гратче во близина на Гренобл. На самиот почеток филмот открива дека случајот е уште еден во низата нерешени мистерии во Франција. Приказната ќе ве зароби на неколку аспекти – начинот на кој полицијата го истражува случајот, бирократијата на полициската работа и на општото чувство на изолација и пустош во оваа провинциска област сместена веднаш до француските Алпи.
Филмот освои 6 награди на овогодинешните награди „Цезар“, меѓу кои наградата за најдобар филм, режисер и сценарио. Но и покрај тоа, за истиот не се крена голема врева во Холивуд иако филмските критичари го споредуваат со „Зодијак“ на Дејвид Финчер.