Потребни состојки:
- 700 г мешунки по желба (бел или црвен грав, грашок, леќа, боранија)
- 3 моркови
- ½ лажичка мелен лут црвен пипер
- ½ лажица сув босилек
- 2 лажици морска сол
- 1 лажичка мелен црн пипер
- прстофат мелено чили
- 4 ловорови листови
- 1 зелена пиперка
- 2 црвени пиперки
- 1 зелена чили пиперка
- 3 големи домати
- 2 лажици пире од домати
- 1 лажица мелено семе од лен
Подготовка:
Одбраните мешунки ставете ги ден претходно да накиснат во вода. Дента ставете ги да се варат на тивок оган заедно со морковот сечкан на коцки. Штом водата зоврие, ставете ги лутиот црвен пипер, босилекот, солта, чилито, црниот пипер и ловороровите листови. Поклопете го тенџерето и оставете ги мешунките да се варат. После еден час, ставете ги пиперките и доматите сечкани на коцки (може и салса доколку немате свежи домати), доматното пире и гответе уште 10 минути. Сосема на крај згуснете ја чорбата со лажица мелено ленено семе и гответе уште најмногу 5 минути.