Вегетаријанска пица

Вегетаријанска пица

Потребни состојки за тесто:

  • 300 г тиквички
  • 1 кромид
  • 60 мл маслиново масло
  • 60 мл лимонов сок
  • 2 лажици квасец
  • 1 лажичка хималајска сол
  • 240 г овесни снегулки
  • 100 г мелено ленено семе
  • 130 г кокосово брашно

Состојки за сос:

  • 160 мл маслиново масло
  • 1 лажица микс од зачини (босилек, оригано, мајчина душица)
  • 2 лажички сув лук
  • 1 лажичка кумин
  • 1 лажичка чили
  • ½ лажичка хималајска сол

Состојки за фил

  • 1 голем морков
  • 1 голема црвена пиперка
  • 1 црвен кромид
  • 300 г шери домати
  • 200 г шампињони
  • 100 г броколи
  • 100 г сос од домати
  • 100 г солено сирење
Подготовка:

Измешајте ги состојките за сос во длабок сад, додајте го зеленчукот и сè убаво измешајте за да се соединат вкусовите. Наредете го зеленчукот на хартија за печење и дехидрирајте го во рерна на 48 степени 2 до 4 часа. Измешајте ги состојките за тестото, а на крај додајте ги овесот, меленото ленено семе и кокосовото брашно. Користете лажица за матење или послужете се со миксер. Смесата поделете ја на 2 дела, направете форма на тенок круг и ставете го тестото на хартија за печење. Премачкајте ги пиците со доматен сос, а потоа ставете го филот од зеленчук. Печете 10 минути на претходно загреана рерна на 200 степени. 2-3 минути при крај на печењето, поросете ги пиците со сирење. Послужете ја пицата со маслинки и свеж босилек.