Печени сливи со пуслици

Печени сливи со пуслици

Потребни состојки:

  • 8 сливи
  • 1 стапче цимет
  • 6 каранфилчиња
  • 375 мл слатко црвено вино
  • 3 лажици јаворов сируп

Состојки за пуслиците:

  • 2 белки
  • 2 лажици мед
  • прстофат цимет

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Пресечете ги сливите на половина и излупете ги, потоа наредете ги во тавче. Додајте ги зачините, виното и шеќерот. Печете 20 минути. Матете ги белките заедно со медот и циметот додека направите цврст крем. По потреба, кремот ставете го во ладилник. Над секоја слива додајте малку од смесата. Вратете ги сливите во рерна, а температурата намалете ја на 120 степени и печете уште 30 минути.