Потребни состојки:
- 350 г тестенини (шпагети, лингвини, фусили)
- 200 г свеж грашок
- 1/4 шолја листови свежо нане
- 1/4 чаша свежи листови босилек
- 2 чешни лук
- 1/4 чаша рендан пармезан
- 1/4 чаша ореви
- 1/4 чаша ладно цедено маслиново масло
- сол и црн пипер по вкус
- рендана кора од 1 лимон (по избор)
Подготовка:
Сварете ги тестенините според упатството на пакувањето. Одвојте околу 1/2 чаша од водата, а потоа исцедете ги тестенините. Бланширајте го грашокот во врела вода 2-3 мин. додека омекне, а потоа исцедете го. Во процесор за храна, измешајте ги грашокот, листовите свежо нане и босилек, ренданиот пармезан, оревите, чешнињата лук и зачинете со сол и со црн пипер. Додека работи процесорот, постепено сипете го маслиновото масло додека пестото не стане мазно и кремасто. Ако е премногу густо, додајте малку од водата за да се разреди до саканата конзистентност. За дополнителен вкус, додајте рендана кора од лимон. Убаво соединете ги тестенините со пестото, а озгора наросете со рендан пармезан.