Дали вашата тага е симптом за депресија?

Дали вашата тага е симптом за депресија?

Велиме дека е природно понекогаш да се чувствуваме тажно, но ако чувството на агонија стане ваша сенка и се продлабочува од ден за ден, тогаш голема е веројатноста да патите од депресија. Депресијата претставува епизода на тага и апатија која трае најмалку две недели, проследена со уште неколку симптоми кои влијаат на секојдневните активности на човекот. Но, ова во никој случај не значи дека сте слаби или немате цврст карактер. Станува збор за здравствен проблем кој може да му се случи и на најбезгрижното дете и на најбогатиот човек во светот.

Според Светската здравствена организација (СЗО), депресијата е глобален здравствен проблем што зафаќа околу 280 милиони луѓе од сите возрасти. Оваа бројка опфаќа околу 3.8 % од светската популација, вклучувајќи 5 % од возрасните и околу 5.7 % од постарите лица (над 60 години). Ова ја прави депресијата една од најчестите ментални нарушувања во светот.

Истражувањата покажуваат дека приближно 50 % од луѓето кои добиваат соодветна терапија (медикаментозна, психотерапија или комбинација од двете) покажуваат значителен напредок во првите три месеци од третманот. Но, проблемот е што голем процент од луѓето не бараат помош навремено. СЗО проценува дека околу 75 % од луѓето во земјите со ниски и средни примања не добиваат никаква форма на третман за депресија поради стигмата, недостатокот на ресурси или неразбирањето на менталните заболувања.

Возраст: Депресијата најчесто почнува во младоста или средните години, но може да се појави на која било возраст. Возрасните помеѓу 18 и 29 години имаат 2.5 пати поголема веројатност да развијат депресија во споредба со постарите од 60 години.

Пол: Жените имаат двaпати поголема веројатност да развијат депресија во споредба со мажите. Причините за оваа разлика се биолошки, хормонални фактори, како и културолошки и социјални фактори (на пример, притисокот за исполнување на улогите во семејството и општеството).

Професија: Одредени професии се поврзани со повисоки стапки на депресија, особено оние кои вклучуваат постојан стрес, нередовно работно време или ризични услови.

Статистиките покажуваат дека професии како здравствени работници, учители, војници и работници во итни служби имаат повисоки стапки на депресија. Исто така, невработеноста е една од клучните фактори за појава на депресија.

За полесно да разберете дали се работи само за краткотрајна фаза или болест, психолозите измислиле едноставна формула за да ја идентификувате:

ДЕПРЕСИВЕН ЧОВЕК = ТАЖЕН + БЕСПОМОШЕН + БЕЗНАДЕЖЕН + БЕЗВРЕДЕН

Не е потребна стручна насока за да ги идентификувате симптомите на оваа болест, проблемот повеќе лежи во тоа колку ќе ги сфатите сериозно и дали ќе побарате помош. Депресијата не е неизлечива состојба, во многу случаи се покажала и како корисна, но 1 од 10 случаи завршуваат со фатален исход поради недоволно храброст да се побара помош.

Самопрегледување

Заокружете ги симптомите кои ги имате. Ако истовремено чувствувате 5 од дадените 9, размислете за опцијата да поразговарате со стручно лице. Ако тоа ви звучи како екстремен чекор во моментот, обидете се со некој близок член на семејството или пријател. Не оставајте се сами во борбата со мислите, бидејќи некогаш две сеанси се доволни за да ја видите светлината на крајот од тунелот.

  • депресивно расположение во поголемиот дел од денот, особено наутро
  • умор и недостиг на енергија, речиси секој ден
  • чувство на безвредност и вина, речиси секој ден
  • нарушена концентрација и нерешителност
  • несоница или целосно преспивање на денот
  • незадоволство и намален интерес за секојдневните активности
  • константни мисли за смрт, самоубиствени сцени и страв
  • нагло намалување или зголемување на телесната тежина
  • немир и чувство на губење на здравиот разум

Физички симптоми

Голема е можноста депресивниот човек да ги потиснува чувствата пред околината и да глуми дека сѐ е во ред. Со цел да им олеснат на родителите полесно да разберат што се случува со нивните тинејџери, психијатарите издвоија неколку физички манифестации карактеристични за депресијата. Истите важат и за возрасните.

osamenost

Глава/ врат

  • пулсирање на челото
  • несоница
  • здрвен врат
  • насолзени очи

Гради

  • градна болка
  • срцебиење

Стомак

  • дијареа
  • зголемен или намален апетит
  • горчлив вкус во устата

Нозе/ стапала

  • истакнати вени
  • сврбење

Грб

  • сврбење
  • болки
  • вкочанетост

Раце/ дланки

  • здрвени мускули
  • потреба за пукање на коските на прстите
  • сврбење

Опис на докторскиот преглед – што да очекувате?

Освен прегледот и лабораториските испитувања, разговорот е најефикасната алатка на докторот за да ја дијагностицира депресијата од која страдате. Воопшто не треба да водите сметка за тоа дека вашиот разговор некому ќе биде пренесен. Уште при влегување во работната просторија, докторот ќе ви даде чувство на сигурност и слобода да зборувате за сето она што ве мачи и ве прави несреќни. Во повеќе од половина од случаите, пациентите ја вратиле волјата за живот по само еден разговор со психијатарот. Дали ќе треба да се вратите на повторна средба, да пиете антидепресиви или ќе биде доволно само да посетувате часови по јога, зависи од типот на депресијата што ќе ја констатира лекарот.

Кои прашања ќе ви бидат поставени?

  • Што е она што ве загрижува?
  • Кои симптоми ги забележувате кај себе?
  • Дали пиете некои лекови?
  • Дали во фамилијата имате историја на депресивно болни?
  • Вашите животни навики и нервози?
  • Што е она што ве интересира за депресијата?

Ако се срамите да зборувате наглас, побарајте овие прашања писмено да ги одговорите.

Домашно алтернативно лекување

Лекување со тревки – станува збор за чајни напивки кои делуваат смирувачки. Одамна е познато дека таков ефект има чајот од камилица, а во последно време како растение со најголемо антидепресивно својство се смета гинко билобата (повеќе на страна 6). Но, и ваквиот третман не смеете да го практикувате без консултација со доктор.

Медитација – ја забавува работата на симпатичкиот нервен систем, со тоа што го намалува потењето, лачењето на хемикалиите поврзани со стресот и лачењето на кортизолот (хормон на стресот), а ги смирува срцето и покачениот крвен притисок.

Масажа – допирите го опуштаат телото и го поттикнуваат излачувањето на ендорфинот, напоредно со тоа поттикнуваат позитивни мисли.

Рефлексологија – со притискањето на одредени точки на дланките и стапалата, се активира способноста на организмот да спроведе хармонија.

Вежбање – научно е докажано дека спортувањето го намалува стресот и ја редуцира депресијата. Дополнителното количество енергија е токму она што му треба на организмот за да се ослободи од болеста.

Акупунктура – старата кинеска метода која во прво време се користела за намалување на болките, денес се верува дека го поттикнува лачењето на хормоните на среќата и дека го активира серотонинот во мозокот.

Терапија со музика – лекување без хемија, а сè што ви е потребно е радио и празна соба. Благодарение на нејзиниот основач, математичарот и филозоф Питагора, оваа метода им помогнала на илјадници војници за време на Втората светска војна.

Во нашето онлајн издание на списанието на страна 26 е достапен дневник на сиптоми кој може да го превземете и преку кој може да знаете дали физичките симптоми се поврзани со депресијата. Водете го овој дневник и покажете му го на докторот за полесно да дојдете до соодветниот третман.