Суплементација во женската 50+ популација

Суплементација во женската 50+ популација

Секоја животна доба на жената е со свој предизвик на тој начин што организмот на жена од 20-тите и 30-тите се разликува со организмот на жена од 50-тите. Како старееме, се јавува недостаток на некои клучни витамини и минерали кои може да доведат до посериозни здравствени проблеми.

Фармацевтската индустија е доста развиена за таблетарни суплементи во соодветни дози да можат да ги задоволат специфичните потреби од дадени витамини и минерали кои истите не можат да се надополнат по пат на исхрана. Често се земаат сумплементи на своја рака, но треба да знаеме дека тоа некогаш знае да биде ризично доколку не се земаат во соодветни дози за оптимално функционирање на организмот. Колку и да се храниме здраво, често не се апсорбираат сите хранливи материи или тие се губат од различни причини.

Истражувањата покажуваат дека над 64 % од жените имаат недостаток на витамин Д, додека дефицитот на витамин Б2 изнесува 44,9 %, а железото недостига кај речиси 23,2 % од популацијата. Овие недостатоци можат да доведат до сериозни здравствени последици како слабеење на коските, замор, когнитивен пад и ослабен имунолошки систем.
Дополнително, кај жените над 50 години, намалувањето на хормоните (како естрогенот) дополнително влијае врз апсорпцијата на одредени хранливи материи, што ги прави суплементите важен дел од одржувањето на целокупното здравје. Еве ги клучните витамини и минерали кои се неопходни за оптимално функционирање.

Калциумот е синоним за здрави коски – Организмот на жените во постменопаузалниот период не ги апсорбира витамините и минералите како во пораната возраст. Посебен акцент е ставен на калциумот, бидејќи неговиот недостаток доведува до ризик од т.н. „кршливи коски“ и најчесто остеопороза. Според National Osteoporosis Foundation, една од две жени постари од 50 години има фрактура поради остеопороза. За машката возраст односот е 1 : 4.Тој однос е таков бидејќи во менопаузата има хормонални промени, односно намалување на нивото на хормонот естроген кој директно влијае на густината на коскеното ткиво.

Доколку не се внесува калциумот од млечни производи и друга храна богата со калциум, телото започнува да го извлекува калциумот од коските и на тој начин ги прави послаби и кршливи. Препорачаните дневни дози варираат од нивото на калциум во крвта, но кај возрасни личности потребно внесување на калциум е од 500-600мг дневно. Нивото на калциум потребно е да се следи бидејќи зголемено ниво на калциум може да предизвика проблем со бубрезите и со срцето. Хиперкалцемија вообичаено имаат пациентите со малигни заболувања или со примарен хиперпаратироидизам.

Витамин Д – стабилен имунитет, подобро расположение, здрави коски. Витаминот Д му помага на нашето тело за регулирање на количината на калциум и на фосфати во телото, но и овозможува зајакнување на имунитетот против борбата со бактерии и со вируси. Одредени студии покажуваат дека недотастокот на витамин Д е поврзан со депресија, демиелинизирачки заболувања, ревматолошки, дерматовенеролошки, како и автоимуни болести.

Кому му е најпотребен витаминот Д?

• На оние кои не внесуваат доволно од овој витамин преку храната и преку сончевата светлина;
• На лица постари од 50 години;
• На лица со остеопороза, како и со болестите Кронова болест и улцерозен колитис, каде е ограничена апсорпцијата на маст.

Според препораките, дневното внесување на витамин Д кај жените над 50 години е од 600IU до 1000IU, во зависност од нивото на витамин Д во крвта. Кај жените кои имаат дополнително други заболувања, дозите се повисоки.

Лутеин – заштитник на очите

Лутеинот спаѓа во хранливите материи кои се растворливи во масти, т.н. каротеноиди. Овој антиоксидант се концентрира во очите заштитувајќи ги од слободни радикали и од молекули кои може да направат оштетување на ДНК, липидите и протеините, предизвикувајќи дегенеративни промени во макулата кои се поврзани со стареењето. Исто така, претставува водечка причина за слепило кај повозрасната популација.

Ресвератрол – Природен антиоксидант кој се наоѓа во бројни растенија, како грозје, бобинки, сливи. Како антиоксидант, истражуван е за неговите ефекти во најголем број врз кардиоваскуларниот систем, како и карциномите. Ресвератролот има способност да го спречи губитокот на витамини кои се липосолубилни (витамин К, А, Д, Е), како и липидната пероксидација. Има студии кои тврдат дека ресвератролот има моќ да помогне во спречување на атеросклерозата и во намалување на агрегацијата на тромбоцитите, но и помага при справување со дијабетесот, заздравувањето на рани, како и во намалување на активностата на некои тумори.

Комбинацијата од витамините Б1, Б2, Б6, Б5, Б12 придонесува за нормално физиолошко функционирање на нервниот систем, особено за исхраната на миелинската обвивка на нервните клетки како учество во еритропоезата – создавање на црвени крвни зрнца (еритроцити). Учествува во метаболизмот на јаглехидратите, мастите и протеините. Најмногу се наоѓа во лушпите на интегралните житарки, во квасецот, млекото, месото, овошјето и зеленчукот, како и во јаткастите плодови. Недостатокот се манифестира преку нервоза, депресија, умор, проблеми со кожата и со косата, болки во мускулите и слично.

Јодот и селенот се непходни за тироидната жлезда. Низа истражувања покажуваат дека може да се предизвика нарушена функција на тироидната жлезда со тоа што се надополнува организмот со селен, а притоа има недостаток на јод.

Фруктоолигосахариди (ФОС) и галактоолигосахариди (ГОС) како пребиотици делуваат позитивно на цревната микрофлора, односно служат како храна на цревните бактерии.

Студиите покажуваат дека ГОС и ФОС не се само пребиотици кои помагаат во растот на цревните бактерии, туку имаат и други предности врз здравјето на коските и на срцето. Најголема улога имаат во функцијата на дигестивниот систем и како такви најголема примена имаат во констипациите, продолжените дијареи, синдромот на иритабилен колон, како и во интестиналната имуномодулација.

За среќа, денес постојат специјализирани формули кои овозможуваат внесување на сите овие витамини и минерали во оптимални дози. Една таква формула е на располагање и кај нас, создадена токму за поддршка на здравјето на жените 50+. Оваа формула содржи точно одредени витамини и минерали со дефинирани дози неопходни за овој период од животот кај секоја жена. Како и да е, пред употреба на кои било суплементи потребно е да се испита нивото на концентрација на витамини и на минерали во крвта, бидејќи како што кажавме погоре – создава ризик од преголема концентрација од истите.

Формулата е: Со употреба на само 1 таблета дневно, после појадок. Советот е да не се зема на празен стомак. Потребно е да се знае дека овој производ не е лек туку надополнување, односно суплементи за кои е потребна консултација со доктор или со фармацевт пред земање на препраратот.