Зеленчукови плескавици со сос од јогурт и копар

Зеленчукови плескавици со сос од јогурт и копар

Потребни состојки:

  • 1 средна тиквичка, изрендана
  • 1 морков, изрендан
  • 1/2 главица кромид, ситно сечкан
  • 1 чаша варен наут (или 1 конзерва)
  • 2 лажици овесно брашно или интегрално брашно
  • 1 јајце
  • 1 лажичка кумин
  • сол и бибер по вкус
  • маслиново масло за пржење

Состојки за сос:

  • 150 г грчки јогурт
  • 1 лажичка сок од лимон
  • 1 лажичка ситно сечкан копар
  • 1 чешне лук, ситно сечкан
  • сол и бибер

Подготовка:

Изренданата тиквичка исцедете ја од вишокот течност. Во блендер испасирајте го наутот и измешајте го со тиквичката, морковот, кромидот, брашното, јајцето и зачините. Формирајте плескавици и пржете ги на средна температура со малку маслиново масло, околу 3-4 минути од секоја страна. Во сад измешајте ги состојките за сосот. Послужете ги плескавиците со сосот од јогурт и свежа салата.