Потребни состојки:
- 1 чаша брашно (може и спелта или безглутенско)
- 1/2 чаша мелени ф’стаци (несолени, излупени)
- 1/2 лажичка прашок за пециво
- прстофат сол
- 2 јајца
- 1/2 чаша кокосов шеќер или кафеав шеќер
- 1/3 чаша маслиново масло или растително масло
- сок и кора од 2 лимети
- 1/4 чаша грчки јогурт
Потребни состојки за прелив:
- 2 лажици шеќер во прав
- малку сок од лимета
- малку мелени ф’стаци за декорација
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180°C и обложете калап за колач со хартија за печење. Во еден сад измешајте ги сите суви состојки: брашното, мелените ф’стаци, прашокот за пециво и солта. Во друг сад изматете ги јајцата со шеќерот. Додајте ги маслото, јогуртот, сокот и кората од лимета. Постепено додавајте ја сувата смеса во течната, мешајќи внимателно или користете миксер на слаба брзина. Истурете ја смесата во калапот и печете 30–35 минути. Оставете го колачот да се излади, па прелијте го со глазура направена од шеќер во прав и неколку капки лимета. Наросете со мелени ф’стаци за декоративен ефект.