Потребни состојки:
- 1 пакување лиснато тесто
- 2 зрели круши
- 100 г сирење горгонѕола
- 2 лажици мед
- неколку ореви
- 1 жолчка од јајце (за премачкување)
- свеж рузмарин
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Откако тестото убаво ќе се одмрзне, расукајте го на плех. Излупете ги крушите, исечете ги на тенки кришки и распределете ги на тестото. Озгора, расфрлете ги парчињата горгонѕола. Пропрскајте со мед и наросете со покрупно сечкани ореви и свеж рузмарин. Ако повеќе сакате традиционален вкус, зачинете со цимет наместо со рузмарин. Преклопете ги рабовите од тестото навнатре и премачкајте ги со жолчка. Печете околу 2 минути, неопходно е тестото убаво да порумени.