Што во слободно време? Ginny and Georgia, ТВ-серија

Што во слободно време? Ginny and Georgia, ТВ-серија

По смртта на својот партнер, шармантната и често импулсивна Џорџија решава да започне нов живот со своите деца, 15-годишната Џини и малиот Остин, во тивок град во Масачусетс. Но, зад нејзината насмевка се кријат тајни, манипулации и темно минато.

Серијата ги следи сложените односи помеѓу мајката и прерано созреаната ќерка, адолесцентските предизвици, љубовта, пријателството и семејните драми, сето тоа во динамичен спој на трилер, комедија и емоционална драма.