Состојки:
- 3 јаболка (рендани или ситно сечкани)
- 1 лажица мед или јаворов сируп
- 1 лажичка цимет
- 50 г мелени ореви
- 6 листови готови кори
- путер за премачкување
- суво грозје – по желба
Подготовка:
Во длабок сад измешајте ги јаболката, медот, циметот, оревите и сувото грозје. Секој лист кора премачкајте го со малку путер (претходно омекнат на собна температура), свиткајте го и ставете го во калап за мафини. Во средина додајте од филот. Печете 10-12 минути на 180°C додека не станат крцкави. По желба, посипете малку мелени ореви одозгора. Одлични се на вкус кога се топли во комбинација со лажица грчки јогурт за свежина.
