За салатата
- 2 зрели, но цврсти круши
- 80–100 г рукола или микс салата
- зрна од 1 калинка
- 60 г ореви (половинки или крупно сечкани)
За карамелизираните ореви
- 1 лажица мед или кафеав шеќер
- 1 лажица вода
- прстофат сол
За преливот
- 3 лажици маслиново масло
- 1 лажица балсамико оцет
- 1 лажичка сенф
- 1 лажичка мед
- сол и свежо мелен бибер, по вкус
Подготовка:
Во мала тава ставете ги медот (или шеќерот) и водата и загрејте на умерен оган. Додајте ги оревите и мешајте додека не се обложат рамномерно и не добијат златна боја. Тргнете од оган, посолете сосем малку и оставете ги да се изладат на хартија за печење. Измијте ја салатата и исушете ја темелно. Крушите измијте ги, по желба излупете ги и исечете ги на коцки. Калинката исчистете ја и одделете ги зрната. Во мал сад измешајте ги маслиновото масло, балсамико оцетот, сенфот и медот.
Зачинете со сол и бибер и матете додека преливот не се изедначи. Во поголем сад ставете ја салатата, додајте ги крушите и зрната калинка. Прелијте со преливот и нежно промешајте. Одозгора наросете ги карамелизираните ореви.
