Состојки:
За смеса за бургери:
- 1-2 лажици маслиново масло
- 2 средни кромитчиња, ситно сечкани
- 3 чешниња лук, ситно исечкани
- ½ лажичка лути пиперчиња (по желба)
- 1 конзерва наут (околу 400 г) исцеден и измиен
- ½ шолја песто
- ½ шолја презла
За сос:
- ⅓ шолја мајонез
- 1 лажица балсамико оцет
Прилог:
- 1 голем домат, исечен на кругови
- рукола или друга зелена салата
- лепчиња за бургери
Подготовка:
Во тава загрејте малку масло на средна температура. Додајте ги кромидот, лукот и лутите пиперчиња и кратко пропржете додека омекнат и замирисаат.
Префрлете ја смесата во сад, па додајте го наутот. Изгмечете го со виљушка така што ќе останат и неколку помали парчиња за текстура, па ставете ги пестото и презлата. Смесата треба да биде мека, но доволно цврста за обликување.
Поделете ја на 4 еднакви делови. Во истата тава загрејте уште малку масло и пржете ги плескавиците по 3-4 мин. од секоја страна.
Измешајте ги мајонезот и балсамико оцетот за сосот со кој ќе ги премачкате лепчињата. Врз сосот ставете ги плескавицата, парчињата домат и руколата, па поклопете со другото лепче.
