Месечен хороскоп септември – октомври 2026

Месечен хороскоп септември – октомври 2026

ЉУБОВ КАЈ ДЕВИЦИТЕ, ПОДОБРУВАЊЕ ЗА РИБИТЕ 

Овен (21.3-19.4)

Полека, но сигурно почнувате да ги елиминирате ограничувачките фактори кои доминираа во претходниот период, така што не треба да ве зафаќаат меланхолијата и песимизмот бидејќи ви претстојат одлични остварувања во сите сфери на животот. Стабилизирајте ги односите со блиските, бидете одговорни и храбро насочени кон тоа што го сакате.

Бик (20.4-20.5)

Состојбата на психофизички план постојано ќе ви биде променлива. Ѕвездите ве советуваат да манифестирате аналитичност, селективност и способност за приспособување. Непромисленото трошење на енергијата и подложноста на надворешните влијанија, освен неизвесност и нервоза, ништо добро нема да ви донесат.

Близнаци (21.5-20.6)

На психофизички план се чувствувате максимално дисхармонично, така што бидете внимателни ако сакате да се извлечете од проблематичниот период. Не покажувајте нервоза во односите, внимавајте на финансиски план и  избегнувајте ги ризичните ситуации.

Рак (21.6-22.7)

Ѕвездите укажуваат дека ве очекуваат сплетки што ќе ви бидат наметнати од лицата кои ве опкружуваат. Обидете се да постигнете мир и хармонија, без оглед на туѓото негативно влијание. Поседувате високи квалитети кои е време да дојдат до израз. Затоа, насочете ја својата енергија кон креативни и позитивни цели и не се оптоварувајте со туѓите пакости.

Лав (23.7-22.8)

Преземете ги работите во свои раце и храбро насочете се кон целта. Вашето досегашното искуство кажува дека не треба да се потпирате на другите Најважно е да го искористите високиот потенцијал и да покажете што умеете. Овој период е поволен за вложување во недвижности или за уредување на домот.

Девица (23.8-22.9)

Следете го флуидот во љубовта, стабилизирајте ги односите со блиските и не им робувајте на предрасудите, посебно кога е во прашање вистинското доживување на емотивното задоволство. Креативноста и интелектуалната визија треба да ви создадат позитивни работни ангажмани и постепено напредување.

Вага (23.9-22.10)

Не доволувајте некои лица да влијаат негативно кон вашата личност. Ви се препорачува да бидете одговорни, трпеливи и внимателни, зошто ѕвездите нема да ви овозможат брзо решавање на проблемите. Нервозното и непромислено дејствување ќе ве одведе во погрешна насока.

Скорпија (23.10-21.11)

Не чекајте хармоничниот распоред на планетите да ви помине неискористено, туку поставете ги работите на вистинското место. Најважно е што ќе се карактеризирате со снаодливост, мудрост и тактичност, поради што ќе успеете да ги елиминирате ограничувањата и да му се препуштите на задоволството.

Стрелец (22.10-21.11)

Ако продолжите да верувате во туѓите ветувања, тогаш не очекувајте излез од проблематичната состојба, туку уште поголема неизвесност и нервоза. Согледајте ги факторите што ви ја создадоа кризата и не трошете енергија на лица што не ве заслужуваат. Излезот од слабостите не барајте го кај другите, туку во себеси.

Јарец (22.12-19.1)

Добро е што сте насочени кон материјалната и емотивна сигурност, но треба да разберете дека без храбро противставување на ограничувачките фактори, вашите потенцијали ќе останат неискористени. Без оглед што мудро, трпеливо и одговорно им пристапувате на животните предизвици, сепак во некои ситуации ќе треба да преземете ризик и да се соочите со непознатото.

Водолија (20.1-18.2)

Во професионалната сфера постојано работите со полна пареа и се изнемоштувате на психофизички план. И покрај големата работна посветеност, претпоставените недоволно го вреднуваат вашиот труд. Очекувајте недоразбирање во комуникацијата и недостаток на поддршка за вашите планови. Во љубовта ќе треба да покажете поголема одговорност и трпеливост.

Риби (19.2-20.3)

Верувајте во сопствените вредности, бидејќи ќе се појави можност за подобрување на состојбата во која се наоѓате. Не оставајте ништо на случајноста и со храбар пристап придвижете ги нештата кон нагорната линија. Добро е ако патувате.

д-р Зоран Крстевски
едукатор, мотиватор и тренер за личен развој